Просечните плати го продолжуваат својот раст, но добрата вест е дека растот од април ја претркува инфлацијата. Статистичарите измерија дека во август просечната нето плата изнесувала 36.390 денари. Ова е раст на просекот за 0,3 проценти, или за 104 денари во однос на август кога изнесуваше 36.286 денари.
Растот на просечната плата во август во однос на август 2021 година пак е 14,2 проценти, но со вклучена инфлација, статистичарите пресметаа дека реалниот раст е 5,4 процети.
Порталот „Пари“ ги стави под лупа просечните плати. И со новиот просек, платите остануваат најголеми во секторот „ Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејност “ каде што просекот е 92.464 денари. И најниските плати…