Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

АнализиАналитикаЛичен Развој

ПАРИ ЕКСКЛУЗИВНО: ПРОФИТИ ЗА ПРВО МЕСТО – Во што се најдобри македонските маркети во регионот?

16 окт. 2024 г.·2 мин читање·6201 прегледи

Следете не на Viber

Трговците во Македонија и во регионот одлично се снајдоа во услови на тврдокорна инфлација ‒ со двоцифрен раст на приходите и профитите. Иако цените на енергенсите и проблемите во синџирите на снабдување на глобално ниво се стабилизираа, цените на полиците во маркетите продолжија да растат. Во такви услови, кога добивката ќе се стави во сооднос со бројот на вработени, македонските трговски синџири со остварените профити се истакнуваат и пред конкуренцијата во регионот. Според податоците што ги доби и анализираше порталот Пари, македонските маркети се на самиот врв во регионот ‒ со 5.459 евра профит по вработен. Зад нив се трговските синџири во Хрватска со 5.404 евра добивка по вработен, иако оствариле многу поголеми приходи по вработен, дури 219.644 евра, со што по промет се на прво место во регионот. Приходот по вработен во македонските маркети изнесува 145.780 евра. Најголемите маркети во Србија и во Црна Гора имаат полоши перформанси од македонските и од хрватските. Приходите по вработен на најголемите маркети во Србија изнесуваат 109.470 евра, а во Црна Гора 102.879 евра. Профитот по вработен во српските маркети изнесува 3.444 евра, а во Црна Гора е 3.405 евра, покажува анализата на Пари. ВКУПНИ ПРИХОДИ НА НАЈГОЛЕМИТЕ МАРКЕТИ ВО РЕГИОНОТ ЗА 2023 ВО МИЛИОНИ ЕВРА КАКВИ ПРИХОДИ И ДОБИВКИ СЕ ВРТАТ ВО ТРГОВИЈАТА СО ХРАНА? Ако ги анализираме нето-добивките на трговските синџири во регионот, шампион е српскиот Делез со 66,6 милиони евра во 2023 година. Најпрофитниот трговски синџир во Македонија е Веропулос, а тој е на деветто место на регионалната листа. Секако, станува збор за држави со сериозна разлика во бројот на населението. Додека Македонија има околу 2 милиони жители, Србија има околу 6,6 милиони. ДОБИВКА НА НАЈГОЛЕМИТЕ МАРКЕТИ ВО РЕГИОНОТ ЗА 2023 ГОДИНА ВО МИЛИОНИ ЕВРА Македонија Седумте македонски маркети со најголеми приходи и профити (Веропулос, КАМ, Кипер, Стокомак, Кит-го, Рамстор и Тинекс) во 2023 година имаа вкупни приходи од 934,6 милиони евра. На прво место е KAM, со остварен приход од 268,8 милиони евра. Сле…

Ексклузивна анализа

Продолжете со читање како член

Test test test test test test test test test test test test

Најави се Зачлени се бесплатно

Заборавена лозинка? · Test test test test test test test test test test test test .

Клучни зборови

  • анализа
  • веропулос
  • Делез
  • ИДЕА-ЦГ
  • кам
  • Кипер
  • кит-го
  • Лидл
  • македонија
  • маркети
  • Меркатор С
  • Рамстор
  • регионот
  • Србија
  • Стокомак
  • тинекс
  • Трговски синџири
  • ХД Лаковиќ
  • Хрватска
  • црна гора
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk