Меѓу стоте најголеми компании по приход минатата година има фирми што преклани биле далеку од тоа друштво. Интересен податок е дека речиси сите кои направиле најголем скок во прометот се енергетски компании. Во 2022 година имаше огромен раст на цената на енергенти и тоа ги напумпа нивните приходи, анализира порталот Пари.
На листата 100 најголеми компании по приход што ги објави порталот Пари, има 17 што преклани не биле на таа листа. Во десетте што направиле најголем скок за да влезат на оваа листа, само две не се од секторот енергетика.
10 компании со најнизок ранг во 2021 година кои влегле во ТОП 100 во 2022 година
Раст на приходите во енергетските компании од 1.143 % до 2.374 %
Најдалеку од друштвото 100 најголеми во 2021 година било друштвото за производст…