Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Граѓаните им ги доверуваат своите пари на банките – 7 милијарди евра во депозити

22 јан. 2021 г.·2 мин читање·6054 прегледи

Следете не на Viber

Во услови на најголема економска криза предизвикана од пандемијата Ковид 19, според статистиката на Народната банка за 2020 година македонските граѓани или штеделе, или се задолжувале.

Вкупните депозити до декември лани достигнаа 7 милијарди евра, од кои 4 милијарди 637 милиони евра се заштеди на граѓаните во банките. А само една година претходно, во 2019 година на штедните книшки на граѓаните имало 4 милијарди 432 милиони евра или 205 милиони евра помалку.

И компаниите штеделе. Гледајќи за истиот период, кај нив имало плус 183 милиони евра во однос на 2019.

Трендот на раст на депозитите го регистрираше и Народната банка. Само во декември депозитите на домаќинствата порасанале за 2,3 проценти во однос на претходниот месец.

„На годишна основа, депозитниот раст изнесува 4,6% и целосно се должи на повисоките депозитни пари и краткорочни депозити во странска валута, при забележан пад кај останатите компоненти.“- НБРМ.

Но кој штеди и во услови на криза?! Податоците на Фондот за осигурување на депозити, за првите шест месеци лани покажаа дека на книшките на 28. 573 граѓани се речиси половината од вкупните депозити на сите граѓани. Тие во банка имаат речиси 2,2 милијарди евра. Парите кои ги чуваат во банка се над 30.000 евра – износ кој не е осигуран доколку дојде ризичен настан кај некоја банка.

Податоците на Народната банка покажуваат и дека за време на пандемијата граѓаните се повеќе и се задолжувале.

Вкупните кредити достигнаа 5,8 милијарди евра, од кои 3 милијарди евра се кредити на домаќинствата. Тие во однос на 2019 година, пораснеле за 224 милиони евра.

Граѓаните најмногу пари должат за потрошувачки и станбени кредити.

Клучни зборови

  • депозити
  • задолжување
  • компании
  • Народна банка
  • Народна банка НБРСМ
  • штедење
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk