Во далечната 1996 година просечна нето-плата во државата била 8.817 денари. Во тоа време најпрофитно било да се работи во производството на нафта и нафатени деривати, односно во „Окта“ која се уште не била продадена на „Хеленик петролеум групација“, туку дел од акционерскиот капитал припаѓал на вработените, а дел на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.Тогаш, вработените во производството на нафта и нафтени деривати имале просечна нето-плата од 13.689 денари, или за околу 50 % повеќе од просекот.
Потоа, во најголемите плати влегувале оние од секторот преработка на хемиски производи со просечна плата од 12.669 денари, па од Електростопанството со плата од 11.896 денари. И во тоа време, меѓу најниските плати биле во производството на облека каде што во прсек се земале по 5.890 денари но сепак, овој износ бил поголем во однос на просечната плата и изнесувал 66,8 проценти, за разлика од сегашниот просек во компнаиите што произведуваат облека, каде просечната плата е 18.864 денари, што е 64,7 проценти од сегашниот републички просек. Производителите на храна, пред 25 години, заработувале по 8.450 денари (слично на просечната плата), а производителите на алкохол по 13.147 денари.
Сега пак, производителите на храна заработуваат значително помалку од просекот, дури 20% помалку, а производителите на алкохолни пијалоци се и сега се над просекот. Она што може да се забележи е дека тогаш градежништвото стоело многу полошо од сега. Имено, просечната нето-плата во овој сектор била 6.529 денари и била 74…