Корона кризата изгледа ни го зголеми апетитот. Стравот за сопствениот живот, затворени по дома, во карантини и со полициски часови на граѓаните најголемата утеха и разонода им остана трпезата. Податоците говорат за фантастична сума на пари кои граѓаните ги потрошиле само за храна, обемни ручеци, винце, пиво секоја вечер, нешто за грицкање.
Порталот Pari.com.mk во соработка со бизнис платформата БизнисМрежа.мк на која може да се најдат сите информации за состојбата на домашните компании и пошироко во регионот ви откриваат дека ни помалку ни повеќе туку неверојатни 40 милијарди денари или 650 милиони евра за време на пандемијата граѓаните потрошиле во само 9 ланци на маркети.
-Прво мислевме дека пандемијата нема да трае толку долго. Се впуштивме во купување на храна, речиси секој втор трет ден за четиричлено смејство трошевме минимум 2.000 до 3.000 денари.Малку и стравот делуваше кога се плашиш за својот живот и затворени по дома, не ме изненадува маркетите толку да заработат очигледна беше гужвата, вели Иван К.
Она што БизнисМрежа.мк го дава како податок од финансиските извештаи на овие компании ќе биде основа за оваа анализа, сликовито прикажано преку 2 табели во продолжение…