Анализа: Потребни ли се околу 4.500 професори за околу 7.500 дипломирани студенти?
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на наставниците и соработниците во високообразовните установи во академската 2023/2024 година изнесува 4.656. Десет години претходно, во учебната 2013/2014 година изнесувал 3.354. Или, за една деценија професорскиот кадар е зголемен за 1.302.
Но, наспроти растот кај професорите, се намалува бројот на запишаните и бројот на завршените студенти. Статистиката последни податоци има за академската 2022/2023 година, кога се запишале вкупно 53.821 студент (прв ци…