Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Парадоксот на вредноста

21 мај 2020 г.·3 мин читање·883 прегледи

Следете не на Viber

 

Што би избрале кога некој ќе ви каже: Дијамант или шише вода? Тоа е лесен избор. Дијамантите се многу поценети и имаат далеку поголема вредност. Сега замислете некој да ви го постави истото прашање, но овој пат, сте дехидрирани во пустината откако сте скитале со денови. Дали ќе избирате поинаку? Зошто? Зарем дијамантите не се уште повредни? Ова е парадоксот на вредноста, опишанан од економистот Адам Смит.

И, она што ни го кажува е дека дефинирањето на вредноста не е толку едноставно како што изгледа. Не тера да размислуваваме за вредноста на секоја ставка и набавка, и како истата ќе се промени во иднина. И бидејќи ние треба да избереме една од опциите, ние исто така треба да размислиме за нејзината практичност или вистинска корист. Повеќето современи економисти се обидуваат појасно да го дефинираат парадоксот на вредноста обидувајќи се да ги обединат овие размислувања.

Сега, замислете се повторно во пустината, само овој пат, на секои пет минути некој ви нуди нов дијамант или шише вода. Ако сте како повеќето луѓе, прво ќе изберете доволно вода за да го продолжите патувањето, а потоа и онолку дијаманти колку што можете да носите. Ова е заради нешто што се нарекува маргинална корист и тоа значи дека кога ќе изберете помеѓу дијаманти и вода, ја споредувате користа добиена од секое дополнително шише вода со секој дополнителен дијамант. И ова го правите секој пат кога ќе има понуда (шише вода или дијамант). Првото шише вода вреди повеќе за вас отколку која било количина дијаманти. По некое време, секое дополнително шише станува товар. Тоа е кога ќе почнете да изберете дијаманти, а не вода. Ова е закон за намалување на маргиналната корист.

Можеби со задоволство ќе купите две или три чоколади, ама од четвртото ќе ви се слоши. Или може да платите за да го гледате истиот филм одново и одново, додека не ви стане навистина досаден. Во секој случај, на крајот би достигнале точка кога маргиналната корист за купување друг билет за филм станала нула. Тоа не се однесува само на купување работи, туку за сите наши одлуки. И интуитивниот начин да се искористи максимално и да се избегне намалувањето на повратот е да се разликува начинот на кој го трошиме нашето време и ресурси. Откако ќе се исполнат нашите основни потреби, теоретски би решиле да инвестираме само до моментот кога ќе бидат корисни или пријатни. Се разбира, колку ефикасно некој од нас успева да ја максимизира користа во реалниот живот е друга работа. Но, треба да запамтиме дека крајниот извор на вредност доаѓа од нас, потребите што ги споделуваме, работите што ги уживаме и изборите што ги правиме.

Клучни зборови

  • адам смит
  • вода
  • вредност
  • дијамант
  • извор
  • опции
  • парадокс
  • практичност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk