Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ПАНИКА ВО ХАМБУРГ ПОРАДИ СМРТОНОСНА ЗАРАЗА: Двојка заразени со вирус сличен на ебола пројавиле симптоми додека патувале со воз

3 окт. 2024 г.·2 мин читање·1041 прегледи

Следете не на Viber

Централната станица во Хамбург се соочи со голем здравствен страв кога службите за итни случаи во целосна заштитна опрема ги затворија шините 7 и 8 и се качија на возот ICE кој пристигнува од Франкфурт. 26-годишен германски студент по медицина и неговата девојка, кои неодамна допатувале од Руанда, покажаа симптоми слични на грип за време на возењето, што предизвика загриженост за инфекција со вирусот Марбург.

Студентот и неговата девојка биле ставени во карантин и транспортирани на понатамошно тестирање откако развиле симптоми слични на грип во брз воз на централната станица Хамбург во северна Германија. Двојката била пренесена на евалуација во Универзитетската болница Епендорф (УКЕ), а нивниот багаж бил одземен. Властите ги следат контактите на 200-те патници во возот за да го проценат ризикот од понатамошна инфекција.

Според Блумерг, двојката неодамна пристигнала во Франкфурт од Руанда, каде студентот работел во болница каде лекувала пациенти од Марбург.

Руанда неодамна прогласи епидемија на овој смртоносен вирус кој уби девет лица во таа земја.

Перонот четири на хамбуршката железничка станица беше привремено затворен откако тимот составен од полицијата и пожарникари го истражуваше случајот.

Операцијата завршила околу 17 часот, но здравствените власти продолжуваат да ја следат состојбата. Вирусот Марбург, поврзан со ебола, има висока стапка на смртност и се шири преку контакт со телесни течности. Во моментов не постои вакцина за вирусот.

Вирусот Марбург е високоинфективна смртоносна болест која може да доведе до хеморагична треска, а смртноста од него е дури 88 проценти. Му припаѓа на истото семејство на вируси на кој му припаѓа и вирусот ебола и предизвикува симптоми како повраќање, треска, диареа. Според Светската здравствена организација, вирусот Марбург во просек убива „околу половина од заразените“.

Вирусот потекнува од пролонгираното изложување на атмосферата во рудниците и пештерите во Африка каде што живеат колонии на лилјаци од родот Русетус. Може да се пренесува и од човек на човек, главно преку контакт со заразените телесни течности, секрети, органи, но и заразени површини и материјали.

Смртоносниот вирус Марбург бил за првпат идентификуван во 1967 кога лабораториски работници во Франкфурт во Германија и во Белград во Србија биле заразени со претхоно непознат патоген.

Клучни зборови

  • африка
  • ебола
  • епидемија
  • Марбург вирус
  • руанда
  • смртоносен вирус
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk