Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Пакетот на ТЕ-ТО повторно на берзанска аукција: Почетната цена за акција – 622,3 илјади евра

Маја Анастасова·23 јун. 2025 г.·2 мин читање

На јавна берзанска аукција во четврток ќе биде ставен голем пакет акции од ТЕ-ТО. По моделот сѐ или ништо се нудат 27 акции, кои обезбедуваат 10,8 отсто од почетниот капитал. Почетната единечна цена за акција е 622,3 илјади евра. Продавач е Топлификација, акционерското друштво кое е во стечај, а аукцијата е иницирана од Комерцијална банка.

„Ве известуваме дека на 26.06.2026 година (четврток), на барање на членката Комерцијална банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје) од страна на продавачот Топлификација АД Скопје-во стечај ќе се понудат за продажба 27 обични акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје што претставува 10,80% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 38.273.474,00 денари по акција преку моделот се или ништо“, информираат од Македонска берза.

Јавни берзански аукции со акциите на ТЕ-ТО беа организирани и минатата година (на 28 и 29 февруари). Обидите имаа неуспешна завршница. Истите акции беа поделени во два пакети. Првиот содржеше 25, а вториот две акции. Повисока беше и цената. Тогаш беа побарани по 39.871.715 денари или по 647 илјади евра за акција. Во сегашната понуда вредноста на акцијата е пониска за безмалку 26 илјади евра.

За споредба, тие 27 акции лани чинеа 17,5 милиони евра, а сега 16,8 милиони евра.

 

Клучни зборови

  • голем пакет акции
  • јавна берзанска аукција
  • Македонска берза
  • те-то
  • топлификација
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk