Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Пакет од милион евра – купени 19.118 акции на „Тетекс“

18 јун. 2024 г.·2 мин читање·1646 прегледи

Следете не на Viber

Речиси еден милион евра се вложени во акции на тетовски „Тетекс“. Во блок трансакција реализирана на официјалниот пазар, за која информира Македонска берза, познат купувач се стекнал со пакет од 19.118 акции, кои претставуваат 4,62 проценти од основната главнина.

Се работи за обични акции чија номинална вредност е 50,4 евра. Вредноста на овој блок е 60.221.700 денари или над 979 илјади евра. Цена за акција е 3.150 денари.

Единечниот износ е повисок од просечната цена на акцијата на „Тетекс“, која вчера, според официјалната дневна берзанска листа, изнесувала три илјади денари.

Некогашниот македонски и југословенски текстилен гигант од производството на текстил се откажа во 2020 година. По производствениот век од цели 69 години, се преориентира кон рентабилни активности. Главниот акционер на ТТК банка остварува приходи по неколку основи – од продажба на готови производи, услуги и од примени дивиденди.

Во текот на минатогодишното работење „Тетекс“ оствари нето-добивка од 94.292.098 денари (над 1,5 милиони евра). Беше поделена и дивиденда за акционерите, која и за 2022 и за 2023 се пресметуваше по бруто 110 денари за акција.

Челната позиција во „Тетекс“ ја има Бобан Гоговски, кој е генерален директор и извршен член на Одборот на директори. Во составот на ова управувачко тело се Борислав Трповски како претседател, членовите Стеван Томовски, Евгенија Трпкоска и Душко Мишески, како и независните членови Звонимир Ристовски и Михаил Петковски.

Клучни зборови

  • блок трансакција
  • Македонска берза
  • Тетекс Тетово
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk