Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

АнализиАналитикаФинансии

Паѓа добивката на најпрофитните државни компании – За една година се стопени над 30 милиони евра

2 дек. 2025 г.·2 мин читање·4790 прегледи

Следете не на Viber

Влошена е општата слика за профитабилноста на десетте компании во државна сопственост што се издвојуваат со највисоки добивки. За една година вкупниот профит опаднал за речиси 22 отсто, и на крајот од 2024 достигнува 110,2 милиони евра, што е над 30 милиони евра помалку од претходниот заеднички резултат. Веројатно, ова е директно поврзано со фактот дека пет од државните претпријатија каде што има големи пари, одработиле пониска добивка. Меѓу нив е и Јавното претпријатие за државни патишта, каде што има минус од 34,76 отсто. Сумата во ова претпријатие паднала од 96 милиони (2023 година) на 62,7 милиони евра (2024 година). Исто така, пет претпријатија имаат намалување на приходот, а заедничкиот износ е помал за 1,33 отсто (579,7 милиони евра). Притоа, нивната екипираност речиси не е променета, односно има намалување од 0,20 отсто. Во фирмите коишто важат за партиски прибежишта лани биле вработени 4.034 лица, а само 84 од нив се соочиле со намалување на просечно исплатената плата. Тоа им се случило на вработените во Номагас. Во другите компании, зголемувањата се движеле од 7 до 23 насто. Просекот бил најнизок (570 евра) во ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, а највисок во Агенција за цивилно воздухопловство (1.580 евра). Порталот Пари направи анализа какви се ефектите од работењето на најуспешните компании во државниот сектор. Кој паднал, а кој се подигнал? Има и бројки што зачудуваат, затоа што не се совпаѓаат со претставата што ја има…

Ексклузивна анализа

Продолжете со читање како член

Test test test test test test test test test test test test

Најави се Зачлени се бесплатно

Заборавена лозинка? · Test test test test test test test test test test test test .

Клучни зборови

  • ад мепсо
  • АД Номагас
  • Државна видеолотарија
  • Државна лотарија
  • државни компании
  • ЕСМ дистрибуција
  • Јавно претпријатие за државни патишта
  • Јавно сообраќајно претпријатие
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk