Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Паѓа интересот кај Хрватите, Романците, Бугарите за иселување во Германија, расте кај Македонците и Косоварите

29 јун. 2024 г.·3 мин читање·3901 прегледи

Следете не на Viber

Минатата година во Германија емигрирале многу помалку странци отколку во претходните години. Сојузниот завод за статистика забележал намален интерес кај граѓаните од поновите членки на Европската унија, но зголемен кај жителите на Македонија и Косово.

„Германија минатата година забележа пад на бројот на имигрантите. Додека во Германија во 2022 година пристигнале 2.665.772 странци, лани тој број изнесувал 1.932.509“, соопштено е од Сојузниот завод за статистика.

Истовремено, се посочува дека треба да се има предвид дека од Германија се иселиле 1.269.545 странци, со што нето-бројот на имигранти паднал на 662.964. Тоа, пак, претставува значително намалување во однос на 2022 година, кога биле регистрирани како нето-бројка 1.462.089 доселеници.

На крајот од минатата година германската статистика евидентирала вкупно 13.895.865 лица со странски пасоши кои живеат во таа земја.

Ваквиот пад првенствено се поврзува со рекордниот број бегалци од Украина кои емигрирале во Германија во 2022, а чиј број значително се намалил во 2023 година.

Исто така, забележано е дека сѐ помалку доселеници има од земјите – понови членки на ЕУ, од Хрватска, Романија и од Бугарија. Бројките се во постојан пад од 2019 па наваму.

Паралелно со тоа, статистиката покажува благ пораст на бројот на имигрантите од Косово и од Северна Македонија. За тие земји е овозможена имиграција според таканареченото правило за работната сила од Западен Балкан, кое е во сила од 2016 година.

Исто така, значителен пораст е забележан кај имигрантите од Сирија, Авганистан и од Турција. Но, не се работи за работна миграција како во случајот на жителите од земјите на Западен Балкан, туку за баратели на азил.

Инаку, Германскиот завод за статистика соопшти и дека бројот на жителите се зголемил во периодот од 2011 до 2022 година, но помалку отколку што претходно се претпоставувало. Во средината на мај 2022 во Германија живееле 82,7 милиони луѓе, што е зголемување за 2,5 милиони во споредба со 2011 година, кога се одржал претходниот попис, но за 1,4 милиони помалку од очекуваното. Резултатите од пописот покажале дека бројот на странски државјани се зголемил на околу 10,9 милиони луѓе во 2022 од 6,2 милиони во 2011 година.

Сепак, интересот за Германија може ќе се возобнови со олеснетиот пристап до пасош. Вчера почна примената на новиот Закон за државјанство. Дојденците побрзо ќе можат да добијат германски пасош, што претпоставува неограничена слобода на патување, можност да се живее и работи каде било во ЕУ, право да се гласа на избори, слободен избор на професија. Освен тоа, иселениците не мора да се откажат од своето државјанство.

Новото законско решение предвидува дека странците можат да аплицираат за германско државјанство по петгодишен легален престој во Германија (досега беа потребни осум години). А, ако има „посебни ефекти во интеграцијата“, добивањето државјанство е можно и по три години. Секој што ќе покаже високо ниво на јазични вештини (ниво Ц1), волонтирање или особено добри резултати на училиште или на работа, побрзо ќе добие германски пасош.

Сепак, ништо не е променето кај предусловите за стекнување државјанство. Како и досега, секој што претендира на германско државјанство мора да покаже дека може да опстојува без да бара помош од државата.

Германската влада се надева дека на овој начин ќе се зголеми бројот на лицата кои добиваат државјанство, а тоа ќе создаде поттик за нивна побрза интеграција.

 

Клучни зборови

  • Германија
  • иселување
  • работна миграција
  • сојузен завод за статистика
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk