Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ОВОЈ ГЕРМАНСКИ ФАРМАЦЕВТСКИ ГИГАНТ ЗАТВОРА ФАБРИКА: По 162 години традиција, откази за 500 работници

14 мај 2025 г.·2 мин читање·2743 прегледи

Следете не на Viber

До крајот на 2028 година германскиот фармацевтски и хемиски гигант Баер најави дека ќе ја затвори својата прочуена фабрика за производство на хербициди и други заштитни средства во земјоделието во Франкфурт.

Причината, според менаџментот, е евтината конкуренција од Азија и строгите мерки за штедење што оваа компанија специфична за DAX ги воведува во новата деловна стратегија. Оваа одлука ќе загрози околу 500 работни места.

Управата на гигантот Баер наведува дека главните причини за затворањето се нелојалната конкуренција од Азија и строгите регулативи на ЕУ: „Нивните цени се делумно пониски од нашите трошоци за производство во Европа“, се нагласува во соопштението.

На пазарот доминираат евтини генерички производи од Кина и Индија, што ја загрозува профитабилноста на европското производство, додека регулативите на ЕУ дополнително ги зголемуваат трошоците.

Најавената стратегија на Баер гласи: помало количество, повеќе квалитет. Компанијата планира да се повлече од производството на генерички производи за заштита на растенијата и да се фокусира на иновации и високотехнолошки производи. Затоа истражувањето и развојот ќе се преселат во Монхајм на Рајна, додека производството ќе биде намалено во Дормаген (во близина на Леверкузен), што значи укинување на 200 од вкупно 1.200 работни места.

Исто така, Баер бара купувачи за делови од производството и планира да префрли некои функции на Дормаген и Напсак во близина на Келн, со што би се избегнала целосна ликвидација на сите работни места.

Во фискалната 2024 година, Групацијата вработуваше околу 93.000 луѓе и оствари продажба од 46,6 милијарди евра. Трошоците за истражување и развој изнесуваа 6,2 милијарди евра.

Синдикатот IG BCE и работничкиот совет реагираа бурно на оваа одлука: „Овие планови се историска пресвртница во 162-годишната историја на концернот и се спротивни на јавните изјави на Баер за неговата посветеност кон Германија“, изјави Франческо Гриоли, член на главниот одбор на IG BCE.

За синдикатите, затворањето на домашната фабрика е „табу тема“: „Ова би бил прв пат Баер да затвори германска фабрика. Затоа бараме: мора да има алтернатива“, објави Феникс.

Одлуката за затворање на фабриката во Франкфурт претставува сериозен удар врз германската индустриска традиција и вработените. Се очекува реструктуирањето на Баер да го промени лицето на германската хемиска индустрија.

Клучни зборови

  • Bayer
  • Германија
  • индија
  • Кина
  • конкуренција
  • фармацевтска индустрија
  • Франкфурт
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk