Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Овации за македонските музичари во Златната сала на Музикферајн во срцето на Виена

29 окт. 2025 г.·2 мин читање·1207 прегледи

Следете не на Viber

Во чест на својот 80-годишен јубилеј, оркестарот на Македонската филхармонија, , приреди исклучителна музичка вечер во Виена. Во срцето на градот што со векови претставува синоним на културата, уметноста и класичната музика, македонските музичари одржаа извонреден концерт, кој ја претстави нашата музичка традиција во најдобро светло.

Концертот се одржа во престижната Златна сала на Музикферајн, еден од најпознатите и најценетите концертни храмови во светот, каде што настапуваат водечките светски оркестри и диригенти. Оркестарот на Македонската филхармонија на посетителите им понуди сеанса исполнета со страст и емоции, а нејзиното музичко совршенство беше повод за гордост и потврда на нејзиниот професионализам, квалитет и уметничка зрелост.

ЕВН Македонија, како долгогодишен поддржувач и промотор на културните иницијативи, го поддржа ова незаборавно музичко уживање, потврдувајќи ја својата посветеност кон развојот и промоцијата на културните вредности во меѓународни рамки. Поддршката на вакви настани е дел од континуираната посветеност на компанијата да инвестира во уметноста, образованието и културното наследство.

Виена, град во кој се роди и се негуваше класичната музика, уште од времето на Моцарт, Бетовен и Штраус, и претставува вистински симбол на европската музичка традиција, имаше прилика да ужива во настапот на солистите Ана и Игор Дурловски, под диригентство на Јерухам Шаровски. Овој музички перформанс, кој понуди внимателно одбран репертоар, обединувајќи дела од македонската и европската класична музика, ја импресионираше виенската публика, позната по својот префинет музички вкус. Изведбите на композициите на Глигор Смокварски, Бете Илин и петте традиционални македонски песни во аранжман на Сони Петровски беа пречекани со долги аплаузи и стоечки овации од виенската публика, позната по својот префинет музички вкус.

Настапот во Виена е значаен момент во историјата на Македонската филхармонија и е потврда дека македонската уметност достојно го зазема своето место на европската и светската музичка мапа.

Клучни зборови

  • ЕВН Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk