Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ова е планот на Бајден за исклучување на Русија од светските технолошки текови

23 фев. 2022 г.·5 мин читање·2847 прегледи

Следете не на Viber

Ако Русија дополнително ја нападне Украина, администрацијата на Бајден би можела да ја лиши од огромен дел од  високо-технолошки производи од САД и од странство, почнувајќи од комерцијална електроника и компјутери до полупроводници и делови за авиони, изјавија за Ројтерс личности од американска администрација.

Претседателот Џо Бајден најпрвин ќе ја прошири листата на стоки за кои се потребни лиценци од САД пред добавувачите да ги испорачаат во Русија, а неговата администрација потоа ќе ги одбие тие лиценци, велат овие личности. Мерките, чии детали не се досега обелоденети, се дел од пакетот казни за контрола на извозот што Соединетите Држави ги подготвија да ѝ наштетат на руската економија, насочени кон сè, од ласери до телекомуникациска опрема и поморски производи.

Тие не беа објавени во вторникот како дел од рундата санкции што ги обелодени Бајден за да го казни рускиот претседател Владимир Путин за признавањето на двата отцепени региони на Украина како независни и распоредувањето војници во регионите за „да се зачува мирот“.

Но, висок функционер на администрацијата вели: „Ако Путин превземе дополнителни чекори, ние ќе ескалираме понатаму, користејќи ги и финансиските санкции и извозните контроли, кои уште не сме ги објавиле“.

Официјалниот претставник за Ројтерс додава: „Контролата над извозот е навистина моќна алатка бидејќи станува збор на клучни технолошки инпути што ѝ се потребни на Русија за да ја разграни својата економија“.

Официјалниот претставник додаде дека Соединетите Држави се „целосно подготвени со многу голем број земји ширум светот да ги спроведат тие мерки за контрола на извозот доколку продолжи инвазијата“.

Белата куќа и американското Министерство за трговија, кое ги надгледува американските извозни контроли, не одговорија на барањата за коментар за деталите за потенцијалните ограничувања. Пакетот мерки, кој во текот на викендот се уште не беше до крај прецизиран, може да се реализира дури и кога некои претставници на Белата куќа ветија дека ќе го поштедат руските граѓани од товарот на казните.

 

Целта на мерките за контрола на извозот „е навистина да се деградира способноста на Русија да има индустриско производство во неколку клучни сектори“, рече Питер Харел, кој членува во Советот за национална безбедност на Белата куќа, во својот говор минатиот месец. Тој рече дека администрацијата била фокусирана на индустриското производство и високотехнолошките сектори „наместо како да го таргетираме рускиот народ на големо“.

Администрацијата со недели ветува дека ќе ја погоди Москва со моќен коктел од банкарски санкции и контрола на извозот, како одговор на масовноста од стотици илјади руски војници долж границите на Украина. Ројтерс во саботата објави дека администрацијата на Бајден, исто така, подготвила пакет санкции против Русија што вклучува забрана на американските финансиски институции да обработуваат трансакции за големите руски банки

Убедливо најсеопфатната мерка содржана во пакетот за контрола на извозот ќе наликува на ограничувањата кои му беа поставени на кинескиот телекомуникациски гигант Huawei Technologies под поранешниот претседател Доналд Трамп. Тоа драматично ќе го прошири опсегот на таканареченото Правило за директен производ за странски производи (FDPR), бидејќи ќе бара од фирмите кои користат американски алатки за производство на технологија во странство да добијат дозвола од САД пред да ги испратат во Русија.

Извозот на САД во Русија во 2020 година изнесуваше околу 5 милијарди, според Министерството за трговија, и веќе се соочува со многу ограничувања. Но, употребата на правилото FDPR драматично го проширува влијанието на ограничувањата вклучени во пакетот.

„Тоа е извонредно нов и има потенцијал да биде многу позначаен од контролите само на извозот на овие производи од Соединетите Американски држави“, рече адвокатот од Вашингтон, Кевин Волф, поранешен функционер на Министерството за трговија.

Според измените предложени во пакетот за контрола на извозот на САД, апликациите за лиценца, пак, ќе се соочат со строг стандард за преглед на „политика на одбивање“, што значи дека само во ретки случаи администрацијата би ги одобрила.

Дополнително, руските компании наведени како таканаречени воени крајни корисници поради нивните наводни врски со руската војска, вклучително и неколку производители на авиони, ќе бидат додадени на црната трговска листа позната како Листа на ентитети. Тоа ќе го прошири опсегот на ставки за кои на компаниите ќе им требаат лиценци за да ги добијат.

Добавувачите од САД, исто така, ќе мора да добијат лиценци за одредени предмети ориентирани кон Русија за кои моментално не се потребни, како што се делови за цивилни авиони. Дали Европа ќе го следи примерот со слични мерки останува да се види.

Јапонија во вторникот соопшти дека е подготвена да им се придружи на Соединетите Држави и другите индустриски развиени земји Г7 во воведувањето санкции кон Русија.

Во понеделникот, како првичен одговор на потезите на Путин во источна Украина, Бајден вети дека ќе ги прекине инвестициите и трговијата со регионите, додека британскиот премиер Борис Џонсон ги објави првичните санкции насочени кон руските банки и милијардери

Клучни зборови

  • бајден
  • план за исклучување на Русија
  • путин
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk