Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Отворени номинации за Women in Tech Macedonia Awards

24 апр. 2026 г.·3 мин читање·408 прегледи

Следете не на Viber

Македонија го добива своето прво меѓународно признание за жени во технологија и поддржувачи на екосистемот под покровителство на нашата прва жена претседател проф. д-р. Гордана Сиљановска-Давкова.

За прв пат во историјата на Македонија, престижната глобална иницијатива Women in Tech® го проширува своето присуство со Women in Tech® Macedonia Awards,  церемонија за доделување на признанија на жените, организациите и лидерите кои ја обликуваат иднината на ИТ екосистемот. 

Номинациите се отворени до 30ти април 2026. Настанот за доделување на награди и признанија ќе се одржи на крај на мај 2026 година во Скопје, под покровителство на нашата прва жена претседател проф. д-р. Гордана Сиљановска-Давкова и во соработка со Министерството за Дигитална Трансформација.

Women in Tech® е водечко светско движење за зајакнување на жените и нивните сојузници во технологијата. Со активно присуство во повеќе од 7 континенти ширум светот – Women in Tech® Awards веќе препозна и награди илјадници исклучителни лидерки, иноваторки и поборнички за промени во соодветна категорија.

Македонија станува дел од оваа глобална мрежа преку Women in Tech® Macedonia Awards, настан со 9 наградни категории и 21 признанија дизајнирани да ги одразат сите димензии на придонес кон технологијата и иновацијата.

Деветте категории се следните:

  • Aspiring Teen Award – за млади жени на возраст од 13 до 21 година
  • Best Ally Award – за поединци кои активно ја поддржуваат родовата еднаквост
  • Most Impactful Initiative Award – за програми и иницијативи со мерлив ефект
  • Most Disruptive Award – за револуционерни иноваторки
  • Woman in Web3 Award – за лидерки во блокчејн и децентрализирани технологии
  • Start-Up Award – за жени-претприемачки во технолошки стартапи
  • Tech Diplomacy Award – за технологија во служба на меѓународните односи
  • Global Leadership Award – за жени со исклучително глобално лидерство
  • Lifetime Achievement Award – за доживотен придонес кон технолошкиот сектор

Номинирањето е отворено за советници, партнери, институции, академски лидери и претставници на индустријата кои сакаат да ги препознаат заслужните жени и организации од македонскиот технолошки екосистем. Кандидатите можат и самостојно да се номинираат себеси.

Номинациите се евалуираат врз основа на конкретни критериуми и тоа: реален импакт, лидерство, иновација и придонес во заедницата. Бројот на добиени номинации не влијае врз евалуацијата. Исклучително е важно сите информации во номинациската форма мора да бидат точни и целосни. Неточни информации ќе резултираат со автоматска дисквалификација.

Ве покануваме да номинирате или да се номинирате себе, преку официјалната онлајн форма најдоцна до 30 април 2026 на овој линк.  

Формата е дел од официјалниот процес за номинација на Women in Tech® Macedonia Awards. При пополнување, потребно е да се наведат контакт-информации, организацијата во којашто работите и кратко образложение зошто ја предлагате одредената личност. 

Со овие признанија, целта е да се поттикне континуиран успех кај жените во технологијата, да ја зголемиме нивната видливост и да создадеме силен стимул за вистинска, долгорочна поддршка во нашата заедница. Преку препознавање на иновации, тех достигнувања, сакаме да инспирираме нови генерации, да изградиме поинклузивен екосистем и да ја зацврстиме културата на вреднување на знаењето, иновацијата и лидерството во Македонија.

Клучни зборови

  • Women in Tech
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk