Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Отворена современа читална за студентите при Медицинскиот факултет во Скопје, донација на Стопанска банка

17 јун. 2025 г.·3 мин читање·1333 прегледи

Следете не на Viber

Стопанска банка АД-Скопје официјално предаде во употреба нова современа читална на Медицинскиот факултет во Скопје, простор за учење и вршење дополнителни истражувања од областа на медицината, наменет за студентите и специјализантите во текот на студиите. Читалната во рамките на Клиничкиот центар зафаќа површина од 120 метри квадратни, уредена со модуларен мебел, со што претставува инспиративен простор за учење и надградување на медицинските лица.

Читалната ја предадоа во употреба членовите на управниот одбор на Стопанска банка, Диомидис Николетопулос и Бојан Стојаноски. На отворањето на новиот простор за учење присуствуваа и деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ, продеканите на овој факултет, професори, доктори, но и претставници на студентите кои најмногу ќе го користат овој простор.

– Со своите активности, Стопанска банка е насочена кон унапредување на условите во локалната заедница, на секој начин. Ни претставува огромно задоволство што правиме нешто за иднината на една земја, односно вложуваме во професионалната надградба на идните медицински кадри, кои се едни од најзначајните професионалци за секоја земја. Секогаш сме подготвени да излеземе во пресрет на потребите на Медицинскиот факултет, со кој имаме партнерска соработка, продолжувајќи ја посветеноста на здравјето на луѓето од заедницата – истакна Диомидис Николетопулос, претседател на управниот одбор на Стопанска банка.

Деканот на Медицинскиот факултет, Светозар Антовиќ, се заблагодари за донацијата, истакнувајќи задоволство од долгорочната соработка со Стопанска банка.

– Студентите на Медицинскиот факултет добија современа читална што ќе ја користат многу генерации студенти. Овој простор наменет за нив е неопходен за долгиот процес на едукација на идни врвни медицински кадри, какви што продуцира нашиот факултет, со што на долг рок го унапредуваме медицинскиот кадар и создаваме одржливост на здравствениот систем. Стопанска банка со оваа донација уште еднаш потврди дека е наш партнер од кој добиваме максимална поддршка за различни проекти за студентите и Институтите со кои се унапредуваат условите во здравствениот сектор, за што сме бескрајно благодарни – рече Антовиќ.

Со отворањето на читалната, Стопанска банка ги заокружи неколкуте донации на Медицинскиот факултет во Скопје, реализирани по повод големиот јубилеј, 80 години постоење на Банката. Покрај создавање на читалната, Стопанска банка донираше врвна технологија за Институтот за патологија, односно специјализиран скенер за патохистолошки препарати кој со помош на вештачка интелигенција и напреден медицински софтвер помага попрецизно и побрзо да се анализираат медицински примероци. Оваа врвна опрема се користи и во едукациски цели на Медицинскиот факултет, помагајќи за високо профилирање на идните стручни кадри.

Клучни зборови

  • Стопанска банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk