Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Отворена регистрацијата за „Вози право, вози здраво“ vol. 9, најмасовниот вело настан на скопските улици

21 мај 2025 г.·2 мин читање·3800 прегледи

Следете не на Viber

Дојде периодот од годината познат по најмасовниот и најзабавниот настан на тркала, „Вози право, вози здраво“, во организација на Стопанска банка АД – Скопје. И оваа година, по деветти пат, метежот на улиците низ Скопје ќе го прават велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички, скироли и други еколошки превози средства кои не ја загадуваат животната средина.

Настанот ќе се одржи на 1 јуни од 17 часот, а стартот е од Порта Македонија, од каде ќе се вози низ улиците во центар до Градскиот парк, каде што ќе се организира голема забава со многу музика и лотарија со вредни награди за учесниците. Пријавувањето за деветтото издание на „Вози право, вози здраво“ почнува денеска. Сите што сакаат да се дел од големиот настан треба да се регистрираат на линкот, а стартните бројчиња може да ги подигнат од просториите на Стопанска банка (поранешно i-bank store) на кејот на Вардар, секој ден од 26 мај (понеделник) до 31 мај (сабота) од 10 до 18 часот.

Само учесниците кои имаат стартни бројчиња ќе учествуваат во извлекувањето на вредната лотарија со многу награди. Оваа година учесниците на „Вози право, вози здраво“ имаат можност да освојат 9 Specialized  велосипеди + 1 Specialized електричен велосипед, 9 Garmin часовници + 1 електричен тротинет, 9 сетови за велосипед (кациги и очила) + 1 ваучер од Град Скопје, како и многу други подароци.

„Вози право, вози здраво“ не е натпревар во вештина на возење или брзина, туку настан каде сите се победници бидејќи придонесуваат за промоција на здравите животни навики и користење на еколошки средства за транспорт. Како дел од овој настан, Стопанска банка секоја година донира во проекти за развој на урбаниот велосипедизам во градските средини, а оваа година донацијата ќе биде наменета за изградба на детски вело-парк во Кочани, со што Банката ќе ја поддржи локалната заедница во овој град преку едукација и развивање здрави навики кај најмладите.

Клучни зборови

  • вози здраво
  • Вози право
  • Стопанска банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk