Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски ФондовиПоткаст

ОТСТАПУВАЊЕТО ОД ФОРМУЛАТА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ ЌЕ ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА ПИОМ – професорот Марјан Петрески во „Каде се парите?“

23 апр. 2024 г.·4 мин читање·910 прегледи

Следете не на Viber

Секое отстапување од формулата за усогласување на пензиите со растот на трошоците на живот и со просечната плата, сериозно ќе се рефлектира врз Фондот за пензиското и инвалидско осигурување. Со тоа повторно ќе се зголеми неговата зависност од државниот буџет, предупредува во гостувањето на поткастот „Каде се парите?“, универзитетскиот професор Марјан Петрески и ко-основач на „Finance Think“ – Институт за економски истражувања и политики. Се осврнува на економскиот дел од партиските предизборни програми, како и сегментот пензии. Смета дека ветувањата се разбирливи од политички, но не и од економски аспект.

Во контекст на партиската понуда за пензиите, прво елаборира дека проблемите во Фондот не се сегашни, дефицитот на средства со години се пополнува од државната каса, но во последно време таа потреба процентуално се намалува.

„Ситуацијата во ПИОМ не е од вчера. Реформа имаше во 2004-2005 година. Со преминот од едностолбен во тростолбен пензиски систем настанаа и одредени транзициски трошоци. Тоа настрана. Во периодот по 2009-2010 година има раст на расходот за пензии, кој значајно ги надминувал изворните приходи на Фондот. А, тоа се придонесите што вработените ги плаќаат на своите плати, кои беа намалени во 2009, што исто така беше удар врз Фондот. Меѓутоа, главниот удар настана потоа, со ад хок зголемувањата во неколку наврати. Под ад хок зголемувања ги сметам оние што се надвор од формулата за усогласување. Тоа е легитимен начин да го одржите животниот стандард на пензионерите, но секогаш кога излегувате од таа формула пензионерите се радуваат, ама на Фондот му додавате расход кој не е покриен од неговите изворни приходи, па Фондот добива пари од централниот буџет. Тој износ, поради таквите ад хок зголемувања, некаде во 2014-2015 го достигна својот масксимум кој беше 45, а се доближи и до 50 проценти… Во 2019 имаше блага реформа, што значеше мал пораст во два наврати на стапката за придонес за пензиско и здравестено осигурување… Тоа го прекрши тој растечки тренд на дефицитот“.

За ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за линеарното зголемување од пет илјади денари вели дека звучи фино за голема група граѓани, но Фондот ќе се дестабилизира. За понудата на СДСМ, која предвидува минимална пензија од 20 илјади и просечна од 30 илјади денари, но во период до 2028, како и новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер – смета дека е со помала магнитуда.

„Ако го гледате политички, тоа е разбирливо, но ако го гледате економски, ќе предизвика фрапантна дестабилизација на пензискиот систем. Замислете, наеднаш расходите ги зголемувате за една четвртина, значи ќе го прекршиме трендот на намалување на зависноста на ПИОМ од централниот буџет. Мислам дека економистите во ВМРО-ДПМНЕ тоа го знаат, но претпоставувам дека е тоа нивна политичка проценка дека треба да одат со едно такво ветување, па ќе видиме на кој начин ќе се реализира.

Од помала магнитуда се ветувањата на СДСМ, но дебатата е иста“, вели Петрески и посочува дека според лаекен индикаторите на ДЗС, за стапката на сиромаштија, кои иако се од 2020 година, сепак, пензионерите не се најзагрозената категорија во државата. Но, се најголема.

„На национално ниво стапката на сиромаштија е 21,8. Кај пензионерите стапката на сиромаштија е 7,4 или 7,8 проценти. Значи, една третина од националната стапка. Тоа покажува дека пензионерите не се најсиромашна, најзагрозена категорија, меѓутоа се најголема. Ако го ставите во тој контекст, покажува дека дестабилизацијата што би настанала со вакви ад хок решенија во системот ќе има уште поголеми размери и консеквенци“.

Петрески додава дека е можно сегашниот сооднос 1,64 вработени спрема еден пензионер, да се подобри и да достигне 1,27:1, што е заложба на сѐ уште актуелната власт.

„Одржливо е, но само по пат на зголемување на бројот на вработените“, дециден е професорот Марјан Петрески.

Клучни зборови

  • каде се парите
  • Марјан Петрески
  • пензии
  • пиом
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk