Сума од 45,8 милиони евра минатата година се свртела во десетте компании што се занимаваат со управување со отпад а имаат најголеми приходи во овој бизнис. Но, споредено со претходната година приходите кај овие компании се намалени за 14,6 отсто, покажува анализата на „Таргет Груп“ за финансиската кондиција на компаниите што се занимаваат со управување со отпад. За поголемиот дел од овие десет компании што се најголеми според приходите, 2019 година била полоша во однос на 2018 година, со оглед дека имаат намалени приходи.
Кај десетте компании што се занимаваат со управување со отпад, а кои имаат најголеми добивки – лани е регистрирана сума на вкупна добивка во износ од 1,8 милиони евра, а истата е намалена во однос на претходната година за 14,2%.
„ПАВОР“ СО НАЈГОЛЕМИ ПРИХОДИ, „ЕКОЦЕНТАР 97“ СО НАЈГОЛЕМА ДОБИВКА
Финансиските податоци покажуваат дека компанијата „Павор“, лани ги има направено најголемите приходи во оваа дејност, но истата компанија бележи пад на приходите во однос на претходната година и тоа за 16,6 отсто. Оваа компанија, иако ги има најголемите приходи во оваа дејност, кога е во прашање добивката се наоѓа на осмото место, со оглед дека лани има добивка во износ од 52.600 евра. Но, компанијата бележи драстичен пад на минатогодишната добивка споредено со претходната година и тоа за 80,3 отсто.
Иако доаѓа од групата на мали бизниси, сепак најголемата добивка во бизнисот управување со отпад минатата година ја има компанијат…