Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ОТКАКО Ѝ ПОПУШТИ НА ГЕРМАНИЈА ЗА БИО-ГОРИВАТА: ЕУ ќе забрани нови автомобили на бензин и дизел до 2035

30 мар. 2023 г.·3 мин читање·1459 прегледи

Следете не на Viber

Министрите за енергија на Европската унија (ЕУ) одобрија забрана за производство и продажба на нови автомобили кои користат традиционални мотори на фосилни горива до 2035 година. Италија, Бугарија и Романија вчера се воздржаа од гласањето, додека Полска гласаше против новата мерка, чија цел е да се справи со климатските промени со забрзување на транзицијата кон електрични возила, објави новинската агенција Ксинхуа.

Чешката Република, исто така, го изрази своето противење на мерката, иако министерот за енергетика на земјата на крајот гласаше за неа.

Иако законодавството одобрено во вторникот не ја забранува експлицитно продажбата на автомобили на бензин и дизел, тој бара емисиите на стакленички гасови од новите автомобили да се елиминираат до 2035 година. Тоа значи дека после тоа нема да може да се продаваат нови автомобили кои користат конвенционални мотори со внатрешно согорување датум.

Емисиите од возилата претставуваат околу една четвртина од вкупните емисии на стакленички гасови во ЕУ.

Сепак, Рим, Софија, Варшава и Букурешт се обидуваат да ги ублажат новите правила или да го одложат рокот за спроведување на мерката. Во меѓувреме, во саботата Германија постигна договор со Европската комисија, а потоа гласаше за мерката. Германскиот договор овозможува продолжување на продажбата на неелектрични возила кои работат на синтетички горива што не загадуваат.

Договорот со Германија беше клучен за добивање одобрение за пошироката мерка, која првично беше закажано за гласање во ноември минатата година.

„Постигнавме договор со Германија за идната употреба на е-горивата во автомобилите“, објави на социјалните мрежи Франс Тимерманс, извршен потпретседател на Европската комисија за Европскиот зелен договор. „Сега ќе работиме на тоа што е можно поскоро да се усвојат стандардите за CO2 за автомобили, а Комисијата брзо ќе ги следи потребните правни чекори“.

Италија лобира за уште пошироко ослободување за автомобилите што работат на поширок опсег на биогорива. Во вторникот, италијанскиот министер за животна средина Жилберто Пичето Фратин рече дека земјата „верува дека биогоривата, исто така, може да спаѓаат во категоријата неутрални горива во однос на севкупниот биланс на CO2 и да придонесат за прогресивна декарбонизација на секторот“.

Земјите кои се противат на мерката велат дека се загрижени дека целосната транзиција од автомобилите на бензин и дизел во рок од 12 години ќе ги зголеми пребрзо цените на возилата, што ќе придонесе за инфлаторните притисоци и ќе дејствува како кочница за економскиот раст.

Германскиот производител на спортски автомобили Порше и неговиот италијански ривал Ферари, исто така, се пожалија дека батериите потребни за електричните возила со голема моќност би ги направиле автомобилите премногу тешки за да работат според стандардите на производителот.

Клучни зборови

  • дизел
  • електрични автомобили
  • ЕУ
  • Министрите за енергија на Европската унија
  • мотори на фосилни горива
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk