Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Остварена средба со менаџментот на компанијата Cavo Otomotiv, плановите за инвестиција во напредна фаза

10 фев. 2026 г.·2 мин читање·922 прегледи

Следете не на Viber

Директорот Гоце Димовски денес оствари средба со Кемал Аманоел, главен менаџер на компанијата Cavo Otomotiv која планира да отвори фабрика во рамките на ТИРЗ Тетово. На средбата се разговараше за текот на инвестицискиот проект кој би требало да отвори над 400 нови работни места, потенцијалите кои ги нудат зоните, како и условите и поддршката што државата ги обезбедува за инвеститорите.

Директорот Димовски посочи дека ваквите инвестициски проекти се од особено значење за целата национална економија, земајќи предвид дека истите придонесуваат за економскиот раст, зголемување на извозот и отворање нови работни места. Тој истакна дека државата преку ТИР зоните обезбедува стабилна и предвидлива бизнис клима, како и целосна институционална поддршка за успешна реализација на инвестициите.

Од страна на компанијата Cavo Otomotiv беше изразено задоволство од досегашната комуникација и соработката со институциите, како и интерес за навремена реализација на инвестицијата. Главниот менаџер Кемал Аманоел истакна дека компанијата ја препознава Македонија како стабилна и конкурентна дестинација за долгорочни инвестиции, со квалификувана работна сила и поволна геостратешка позиција.

По започнување на иницијалните разговори за потенцијална инвестиција во март минатата година, проектот за оваа инвестиција е во напредна фаза, при што интензивно се работи на финализирање на сите предуслови за негова реализација. Инаку, мултинационалната корпорација Cavo Otomotiv работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу водечки производители на автомобили. Компанијата освен во Турција, моментално е присутна и во Канада, Германија и Словачка, а потенцијалната инвестиција во рамки на ТИРЗ ќе има клучно значење како за Македонија, така и за Европа.

Клучни зборови

  • ТИРЗ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk