Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Остварена средба со компанијата „Zenith Water Heater“, нова потенцијална инвестиција

22 јан. 2026 г.·2 мин читање·1132 прегледи

Следете не на Viber

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денес оствари средба со Куреш Мукадам, сопственик на компанијата „Zenith Water Heater“, светски лидер во производството на висококвалитетни системи за греење вода. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, како и можностите за инвестирање во рамки на зоните.

Директорот Димовски ги претстави инвестициските можности кои ги нуди државата преку ТИР зоните, нагласувајќи ја активната поддршка за секој потенцијален инвеститор. Од негова страна беше истакната стабилната деловна клима, бројните поволности и можности за долгорочен раст и развој на компаниите во зоните.

Од страна на сопственикот на „Zenith Water Heater“, Куреш Мукадам, беше изразен интерес за инвестирање, при што беа претставени плановите за проширување на деловните активности, земајќи предвид дека компанијата е веќе присутна во земјата. Тој ја истакна позитивната соработка со институциите и ја оцени поддршката како значаен фактор при одлучување за нова инвестиција.

Компанијата „Zenith Water Heater” со седиште во Аџман, ОАЕ е меѓу водечките производители на бојлери, посветена на испорака на премиум решенија за загревање вода. Како подружница на Star Industrial Products LLC, признато и доверливо име во индустријата, компанијата нуди сигурни, ефикасни системи за загревање вода прилагодени за да ги задоволат потребите на домовите, бизнисите и индустриите низ повеќе од 30 земји низ целиот Блиски Исток, Азија, Европа и Африка.

Клучни зборови

  • Zenith Water Heater
  • Гоце Димовски
  • ТИРЗ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk