Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Основачот на Зум, Ерик Јуан стана еден од најбогатите луѓе во 2020

1 јан. 2021 г.·2 мин читање·1757 прегледи

Следете не на Viber

Основачот и извршен директор на Зум, Ерик Јуан стана милијардер пред да се прогласи пандемија, и сега е еден од 100-те најбогати луѓе во светот, пишува CNBC.

Ерик Јуан претходно работеше на софтверот за видео повици на Webex што Cisco го купи во 2007 година. Зум е основан во 2011 година и до јуни 2014 година имаше 10 милиони корисници.

Во март 2019 година, Зум одлучи да излезе во јавноста и ги импресионираше инвеститорите со комбинација на брз раст и профитабилност. Акциите скокнаа за 72 проценти на 28 април 2019 година. Јуан стана милијардер.

За време на пандемијата, тој стана еден од 100-те најбогати луѓе во светот. Според Фактсет, неговите акции во „Зум“ вредат скоро 17 милијарди долари.

Скоро една година откако Светската здравствена организација го откри коронавирусот, луѓето се повеќе работат од дома и остваруваат видео повици. Зумот стана неизбежен.

Приходите се зголемија за четири пати, а профитот се зголеми за 90 пати. Акциите растеа сè повеќе, издвојувајќи се како најдобри акции за купување, заедно со акциите на Модерна.

Проширувањето на Зум не беше лесно. Во пролетта 2019 година, откако Зум стана интересен за инвеститорите, загриженоста поврзана со безбедноста на софтверот и приватноста на корисникот станаа сè попроблематични.

Клучни зборови

  • видео повици
  • ерик јуан
  • зум
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk