Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Осмо издание на Деновите на финансиската писменост 26 – 28 ноември 2024 година

25 ное. 2024 г.·2 мин читање·6409 прегледи

Следете не на Viber

Од 26 до 28 ноември годинава ќе се одржи осмото издание на Деновите на финансиска писменост, коишто се организираат од финансиските регулаторни институции: Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување – МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, заедно со приватниот финансиски сектор.

МАПАС, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост заедно со пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, САВА Пензиско друштво А.Д. Скопје, ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје и ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ упатува јавен повик до сите заинтересирани граѓани да ја посетат веб страната и социјалните медиуми на МАПАС и на пензиските друштва и да се информираат и едуцираат за капитално финансираното пензиско осигурување и својата индивидуална сметка. Навремената информираност за состојбите во пензискиот систем и своите права и обврски на членовите, ќе им овозможи да донесат одлука во вистинско време и да се обратат за помош на вистинското место, но и да преземат други ефективни активности за подобрување на нивната финансиска благосостојба и пензиска заштеда која ќе им овозможи сигурни пензионерски денови.

Деновите на финансиската писменост оваа година ќе бидат организирани главно како едукативни предавања. За спроведување на финансиска едукација и финансиска инклузија во делот на капитално финансирано пензиско осигурување ги споделуваме следните активности за одбележување на Деновите за финансиска писменост  2024 година и тоа на:

  • 11.2024 година во 11 часот: одржување на едукативен настан за професорите и студентите на Универзитет Скопје;
  • 11.2024 во 12 часот: одржување на едукативен настан за наставниот кадар во ОOУ „Свети Климент Охридски“ – Општина Бутел;
  • 11.2024 во 13.30 часот: одржување на едукативен настан за наставниот кадар  од основните училишта на Општина Кисела Вода.

Целта на овие активности кои ги спроведуваме е да се зајакне финансиската едукација,  да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна и нашите социјални медиуми:

http://www.mapas.mk

Клучни зборови

  • МАПАС
  • финансиска писменост
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk