Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Осигурување

Еуролинк со ново осигурување за велосипедисти и велосипеди

12 ное. 2020 г.·2 мин читање·1075 прегледи

Следете не на Viber

Од овој месец „Еуролинк осигурување“ лансираше нов продукт наменет исклучиво за велосипеди и велосипедисти.

„Сврти на сигурно“ е слоганот под кој се пласираше ова уникатно, ново решение кое овозможува сигурност за сите чие омилено средство за транспорт и рекреација е велосипедот.

Полисата за осигурување на велосипедисти и велосипеди нуди осигурување при незгода, одговорност кон трети лица и каско за велосипеди. Каското за велосипеди на Еуролинк е единствено решение кај нас кое овозможува финансиска надокнада при кршење на велосипедот, оштета и најважно кражба, без разлика каде настанала кражбата.

„Осигурувањето за велосипедисти ќе ги покрива непресретнатите потреби за осигурување на урбаните велосипедисти – значителен дел од населението кое рапидно расте. Со воведување на овој продукт создаваме услови за побезбедна и почеста употреба на велосипедот како превозно средство, што на крајот ќе допринесе за унапредување на здравјето, животната средина и квалитетот на животот во заедницата. Со овој чекор продолжуваме со традицијата за воведување нови продукти на пазарот, сега засилена и со искуството од групацијата ГРАВЕ од која сме дел“ – изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Основниот пакет BIKE чини 61,5 денари, односно 1 евро месечно, а проширениот пакет BIKE+ со вклучено каско осигурување за велосипедот се пресметува зависно од вредноста на истиот, и започнува од 100 денари месечно па нагоре.

Еуролинк осигурување беше првата осигурителна компанија која на пазарот пред неколку години воведе приватно здравствено осигурување, а со воведувањето на осигурување за велосипедисти и велосипеди продолжува со збогатување на понудата од уникатни осигурителни решенија кои покрај сигурноста во фокуст ја имаат грижата за здравјето на граѓаните.

Полисата е достапна во филијалите на Еуролинк, а повеќе информации за продуктот и условите можете да најдете во делот: Осигурување за велосипедисти и велосипеди.

Клучни зборови

  • велосипедисти
  • Еуролинк осигурување
  • Марија Томеска
  • осигурување на велосипеди
  • Сврти на сигурно
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk