Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Операторите нудат фиксни линии, но не и телефони – Колку се користат апаратите на жица?

20 мар. 2024 г.·4 мин читање·3700 прегледи

Следете не на Viber

Фиксните телефони сѐ уште се во игра. Делува нереално, но за една година бројот на фиксните линии се зголемил за речиси девет илјади. Во државата, како што веќе објави порталот „Пари“, ги има 441.205, што претпоствува дека е толкав и бројот на телефонските апарати. Податоците на Агенцијата за електронски комуникации ја отсликуваат состојбата од 2023, па можеби веќе има и промени.

Статистиката на АЕК се коси со општото мислење дека статичните телефони никој по дома не ги користи, а децата и младите можат да видат примерок со бројчаник и слушалка само на фотографија или на телевизија. Сепак, тешко може да се поверува дека апаратите на кои им е непходен гајтан и не можат да се понесат со себе, повторно стануваат „ин“.

Па, прашањето е – дали покрај мобилната варијанта и нејзината широка примена, некој воопшто и би се сетил на старата верзија, доколку компаниите ги немаат фиксните линии во својата комбинирана понуда.

Најголем дел од пакетите наменети за граѓаните ја содржат и фиксната линија. На пример, корисниците на поголемите интернет и тв пакети од „Македонски телеком“ со фиксната линија добиваат и можност за месечни меѓународни разговори во траење од 500 минути. Минутажата е вклучена во цената, која зависно од пакетот, се движи од 1.199 до 3.699 денари. За пензионерите, пак, веројатно се смета дека иако ги прифаќаат придобивките од развојот на технологијата, сепак, не се откажуваат лесно од старите навики. Затоа за нив има специјална понуда, која меѓу другото, содржи и неограничени разговори, кои се однесуваат на повици од фиксната кон мобилната и во фиксната мрежа на „Телеком“.

Од јавно објавениот ценовник на овој оператор, кој се однесува на користењето фиксни линии, може да се види – се плаќа еднократен надомест од 1.999 денари за договор склучен на неопределено време и 1.499 денари за договор склучен на една година. Бесплатно е за договор од две години. Потоа следуваат месечните сметки од 499 денари. Цените се со пресметан ДДВ.

И во пакетите на А1 фиксната линија е бесплатана. Но, ако се случи некој да побара таква услуга, тогаш за тоа ќе плаќа месечна претплата од 149 денари. Инаку, минута разговор кон сите фиксни мрежи чини 0,9 денари, а кон мобилните мрежи 7,9 денари.

Освен тоа, корисниците на терифните модели А1 фикс можат да активираат и дополнителни пакети од 299 денари со неограничена минутажа кон сите национални фиксни дестинации и од 149 денари со 200 минути.

Фиксната телефонија ја има во понудата, но телефонските апарати не можат да се купат во салоните на телекомуникациските компании. Ако побарате таков телефон, вработените пред да одговорат, упатуваат зачуден поглед. „Нема, никој не бара“, велат, сугерирајќи дека таква „направија“ може да се најде во продавниците со бела техника и апарати за домаќинство.

УСТА ДА НЕ СЕ ЗАТВОРИ: Месечно на мобилен по 237 минути

И навистина, кога ќе се „прогугла“, излегува дека статични телефони има во продажба. Токму во тие продавници, но не кај сите. Изборот не е многу голем, а цените се движат од 500 до четири илјади денари. Може да се најдат и на веб-страниците кои нудат сѐ и сешто, а таму се бараат од 650 до пет илјади денари, зависно од марката и од видот на апаратот. Огласите се од различни – понови и постари датуми, што доволно кажува за интерсот и побарувачката на апаратот кој пренесува глас преку жица, форматиран пред 148 години од Александар Бел.

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • Оператори
  • фиксна телефонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk