Автор: Стручен соработник на Пари
Лизингот како форма на финансирање е доста популарен во последно време и преку неговите разновидни модалитети, како и можноста за имплементација врз голем број на средства привлекува се поголемо внимание како од страна на компаниите, така и од страна на поединците. Со последната криза се повеќе до израз дојде потребата од флексибилно поседување на одредени средства, а лизингот како опција во целост може да одговори на новосоздадените услови. Во најтесна смисла лизингот може да се подели на 2 подгрупи: Финансиски лизинг и Оперативен лизинг. Иако најчеста варијанта на користење е финансискиот лизинг, кој до сега се користеше како некоја противтежа на класичното банкарско кредитирање, во последно време се повеќе добива на вредност оперативниот лизинг.
Клучната разлика помеѓу овие 2 типа е следна: преку финансискиот лизинг станувате сопственик на средството што го купувате и преку исплата на учество и ануитети ја затворате вкупната финансиска конструкција и на крај средствот…