Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

Операционализација на плаќањата преку СЕПА за државата и за државните институции

26 ное. 2025 г.·3 мин читање·1498 прегледи

Следете не на Viber

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, од една страна и претседателот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Блаж Бродњак и членот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Антонио Аргир, од друга, потпишаа договор за меѓусебна соработка којшто ѝ овозможува на Народната банка да започне со плаќања преку СЕПА.

 Од 9 декември 2025 година, државата и државните институции ќе можат да плаќаат и да примаат средства во евра, согласно стандардите на СЕПА, побрзо, побезбедно и со пониски и фиксни надоместоци. Наместо досегашните просечни трошоци од 14 евра за плаќање преку кореспондентните банки, плаќањата преку СЕПА ќе чинат 3 евра за електронските налози и 5 евра за хартиените налози, а сите приливи преку СЕПА ќе се наплатуваат 3 евра. Имајќи предвид дека 80% од вкупните одливни плаќања и 90% од вкупните приливи на државата се во евра, пониските надоместоци директно ќе овозможат поголеми заштеди за државата и за државните органи.

 „Со овој значаен чекор Народната банка, покрај регулаторната и надзорната улога во платежната сфера, ја потврдува и својата оперативна улога во обезбедувањето подобри и поквалитетни услуги за државата и за државните органи во извршувањето на прекуграничните плаќања”, истакна гувернерот Славески.

 „Ни претставува чест што сме избрани за банка одговорна за обработка на плаќањата преку СЕПА за Народната банка на Република Северна Македонија и упатуваме искрена благодарност за укажаната доверба. Ова достигнување претставува значаен чекор кон подлабока интеграција со платниот систем на Европската Унија и ја поддржува пошироката цел за интеграција во ЕУ. Оваа пресвртница се надоврзува на нашето неодамнешно воведување на услугата „Епл пеј” (Apple Pay) за сите наши клиенти во ЈИЕ и успешното влегување на „НЛБ банка” Скопјe во шемата на кредитниот трансфер преку СЕПА, дополнително зајакнувајќи ја посветеноста на Групацијата НЛБ за поттикнување на финансискиот развој и иновациите во Северна Македонија”, изјави Блаж Бродњак, претседател на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана.  

 По пристапувањето на  нашата земја кон СЕПА, со што за граѓаните и за компаниите веќе се овозможени побрзи, побезбедни и поевтини плаќања во евра, Народната банка како банкар на државата им овозможува и на државните институции да ги користат придобивките од СЕПА. На овој начин, ќе се овозможат значителни заштеди за државата и за државните институции при извршувањето на прекуграничните плаќања во евра со четириесетте земји членки на СЕПА.

Клучни зборови

  • Народна банка
  • СЕПА
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk