Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Оне Македонија телекомуникации ќе биде третиот мобилен оператор

12 јан. 2026 г.·2 мин читање·5182 прегледи

Следете не на Viber

Оне Македонија телекомуникации на унгарскиот Фор-ај-џи е изборот на АЕК како најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор.

Со донесената одлука започнува да тече и десетдневниот рок за уплата на еднократниот надомест за трите фреквенциски опсези што се доделуваа преку тендерот, во вкупен износ од 8.020.003 евра, пренесува МИА. Почетните износи на радиофреквенциите, кои се плаќаат како еднократен надомест, се 4,2 милиони евра за одобрението А1, 1,5 милион евра за одобрението Б1 и 2,32 милиони евра за одобрението C1.

Откако ќе се регулира таа обврска, компанијата ќе може да побара пристап за користење на мрежите на постојните оператори и така да функционира сѐ додека не изгради сопствена инфраструктура.

До крајот на март идната година новиот оператор ќе треба да покрие еден град со 5G. Потоа, до крајот на 2028 година со непрекинат 5G сигнал треба да бидат покриени главните коридори, согласно Договорот за воспоставување транспортна заедница на основната и универзална патна мрежа, а до крајот на 2030 година –  сите градови во државата. Исто така, до крајот на 2032 година секој граѓанин треба да има пристап до интернет преку 5G со минимална брзина од 100 Mbps.

Носителот на одобрението мора да почне со користење на доделените радиофреквенции најдоцна во рок од една година од датумот на почнувањето на важноста на одобрението.

Клучни зборови

  • Оне Македонија телекомуникации
  • телекомуникации
  • трет мобилен оператор
  • Фор-ај-џи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk