Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ОКТА со поддршка на кампањата „Помислете на нас“ на Црвениот крст на Град Скопје

9 ное. 2023 г.·2 мин читање·599 прегледи

Следете не на Viber

ОКТА АД – Скопје со донација на пакети храна наменети за ранливите категории граѓани и годинава се вклучи во кампањата по повод Денот на гладта, која што под мотото „Помислете на нас“ ја организира Црвениот Крст на Град Скопје.

Како општествено одговорна компанија, ОКТА во континуитет иницира проекти за поддршка на ранливите категории граѓани и на тој начин придонесува во општеството. Во таа насока компанијата повеќе од 15 години активно соработува со хуманитарната организација Црвен крст на град Скопје и редовно е дел од оваа кампања. Овој пат, покрај донацијата на 75 пакети храна, во чија подготовка помогнаа вработените во компанијата, организацијата на Црвениот крст при ОКТА, која што постои 41 година,  ја организираше и третата годишна крводарителска акција. Вработените даруваа крв во просториите на компанијата, со што дополнително придонесоа кон потикнување и промовирање на хуманите вредности.

Светскиот ден на храната се обележува од 1979 година, а е воспоставен од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО). Главна цел на ФАО е да се поттикне континуирана интернационална акција за сузбивање на гладта и обезбедување редовен пристап до оброк за сите луѓе кои што на тој начин ќе можат да водат активен и здрав живот.

Клучни зборови

  • Окта АД Скопје
  • Помислете на нас
  • црвен крст
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk