Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Окта се справува со предизвиците: Приходите под притисок, добивката зголемена

24 авг. 2025 г.·3 мин читање·2865 прегледи

Следете не на Viber

Повеќе од 289 милиони евра приходи и над 3,5 милиони евра добивка е исходот од полугодишното работење на Окта. Обликувано од глобалната нестабилност на нафтените пазари, од геополитичките тензии, ограничувањата и проширувањата на производството… Сето тоа, а особено инфлацијата и санкциите на ЕУ врз руските деривати, дополнително ги зголемија трошоците за увоз на компанијата. Тоа „наложи примена на агилни стратегии за набавка, со цел заштита на маржите“, велат од Окта.

Обемот на продажба во второто тримесечје бележи годишна промена од минус три проценти и достигнал 294 илјади м³. Намалувањето во најголем дел произлегува од зголемената конкуренција од Албанија на косовскиот пазар. Од Окта посочуваат дека ЕБИТДА во тој период ги надминала резултатите од претходната година за 28 проценти, „во услови на повисока продажба на домашен пазар, намалено негативно влијание од вреднувањето на залихите во споредба со истиот период лани и повисоките маржи од тргувањето со енергија“. Прилагодената ЕБИТДА, пак, изнесувала 167 милиони денари и тоа е за 14 насто повеќе од споредбениот период.

Оттаму, во првата половина од годинава, од продажбата се остварени 17.779 милиони денари. За 21 отсто помалку во споредба со истиот лански период. За шестте месеци ЕБИТДА бележи низок раст од три проценти, што е „резултат на зголемените продажби на домашниот пазар, подобрените извозни маржи, зголемена трговија со електрична енергија со повисоки маржи, како и намаленото негативно влијание од вреднувањето на залихите (56 милиони денари)“. Раст од 19 проценти има кај прилагодената ЕБИТДА, која достигнува 305 милиони денари или речиси пет милиони евра.

Освен кај приходите, регистрирани се осипувања и кај оперативните трошоци (-4%). Минус од 22 проценти има и кај бруто добивката (од ланските 9,1 милион евра на сегашните 7,1 милион евра). Сепак, добивката пред оданочување е зголемена за 107 проценти, а апсолутниот износ е 236 милиони денари, односно 3,83 милиони евра. Во споредба со ланскиот полугодишен период, нето-добивката е повисока за 118 насто. Во оваа ставка се запишани 216 милиони денари (99 милиони денари пред една година).

Во рамките на дејствувањето, а согласно стратешките приоритети за одржлив развој, од Окта, во првите шест месеци, инвестирале 12 милиони денари во проекти за обновливи извори на енергија. „Ваквите инвестиции ги нагласуваат континуираните напори на компанијата за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и забрзување на транзицијата кон почисти извори на енергија, а воедно и остварување на видливи економски придобивки“.

Обезбедувањето на сигурно и непрекинато снабдување останува врвен приоритет во денешната динамична средина. Преку континуирано следење и проактивен пристап кон управувањето, ОКТА брзо се справува со потенцијалните нарушувања. Во исто време, фокусот на автоматизација и иновации ја подобрува нејзината оперативната ефикасност и отпорност овозможувајќи и на компанијата да ја задоволи растечката побарувачка, а воедно да придонесе за поширок општествен напредок и долгорочна одржливост.

Преку воведувањето на иновации и адаптабилност, ОКТА не само што обезбедува континуитет, туку и придонесува за подобрување на општеството, поттикнувајќи одржлив напредок и стабилност за сите.

Од компанијата истакнуваат дека фокусот останува на сигурното и непрекинато снабдување со енергенси; на подобрување на ефикасноста преку автоматизација и иновации; како и на продолжувањето со општествено-одговорните иницијативи.

 

Клучни зборови

  • вкупни приходи
  • добивка
  • окта
  • прво полугодие
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk