Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ОКТА главен спонзор на националната кошарка во претквалификациите за Олимпијадата 2024 и квалификациите за Евробаскет 2025

18 јул. 2023 г.·3 мин читање·1621 прегледи

Следете не на Viber

Во пресрет на претквалификацискиот турнир за место на Олимписките игри во Париз, ОКТА ја продолжи поддршката на националната кошаркарска федерација како главен спонзор. Договорот за спонзорство вклучува поддршка на машката кошаркарска репрезентација и во натпреварите од квалификацискиот циклус за Евробаскет 2025, кој треба да започне во февруари идната година.

Со новиот договор, ОКТА го задржува континуитетот во долгогодишното партнерство со кошаркарската федерација и ја потврдува улогата на континуиран поддржувач на националните спортски селекции во нивните успеси на меѓународната спортска сцена.

„Среќни сме што го продолжуваме партнерството, а со тоа и континуирано придонесуваме во напорите на кошаркарската федерација да обезбеди што подобри услови за машката сениорска репрезентација во претстојните спортски предизвици. Веруваме дека нашата поддршка ќе биде дополнителен мотив за сениорите во остварување на целта – пласман на Олимпијадата 2024 и успешни квалификации во Евробаскет 2025“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

Договорот за поддршка на сениорскиот кошаркарски тим започнува со претквалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз, а ќе трае до февруари 2025 година кога треба да завршат квалификациите за Европското првенство во кошарка.

„Нашата цел е јасна – учество на машката репрезентација на Олимпијадата во 2024 година и на Евробаскет 2025. Поддршката, каква што е и оваа од ОКТА, е дополнителен поттик и овозможува играчите и стручниот штаб целосно и непречено да се посветат на својот, спортскиот дел од работата. Тоа е многу полесно кога имате покрај себе партнер кој е со вас долги години и низ заедничка соработка докажал дека искрено ги споделува нашите цели и амбиции. Тоа ни значи многу и нам како организација и на играчите и, верувам, на сите љубители на кошарката и на спортот во земјава“, рече Перо Антиќ, претседател на Федерацијата.

Претквалификацискиот турнир за Летните олимписки игри ќе се одржи во Талин од 12 до 15 август 2023 година, а противници на нашата репрезентација се тимовите на Израел, домаќинот Естонија и Чешка. Двете првопласирани репрезентации обезбедуваат пласман во полуфиналната фаза од квалификациите.

Квалификациите за Европското првенство стартуваат во февруари 2024 и ќе траат сѐ до февруари 2025, а во нив ќе учествуваат вкупно 32 национални тимови, од кои 24 ќе обезбедат пласман на самитот на најдобрите кошаркарски репрезентации на Стариот континент.

Клучни зборови

  • окта
  • Олимписки игри
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk