Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

„Оксфам“: Ковид-19 може да однесе во сиромаштија околу половина милијарда луѓе во светот

9 апр. 2020 г.·2 мин читање·44 прегледи

Следете не на Viber

Кризата со ширењето на коронавирусот, од кој веќе починаа повеќе од 83.000 луѓе ширум светот и предизвика огромна штета врз економијата, може да однесе во сиромаштија околу половина милијарда луѓе ширум светот.

Ова се вели во извештајот на Оксфам објавен пред годишната средба на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во следната недела.

Документот го проценува влијанието на кризата врз сиромаштијата во светот, со оглед на намалените приходи на домаќинствата или намалената потрошувачка. „Економската криза е подлабока од светската финансиска криза од 2008 година, се вели во извештајот.

Проценките сугерираат дека глобалната сиромаштија може да се зголеми за првпат од 1990 година. Ова може да ги врати некои земји на ниво на сиромаштија од пред околу триесет години, се вели во извештајот на Оксфам.

Неговите автори играат неколку сценарија, земајќи ги предвид различните нивоа на сиромаштија на Светската банка – од екстремна сиромаштија со живот од 1,90 долари или помалку на ден, до високи нивоа на сиромаштија кога живеат со помалку помалку од 5,50 долари на ден. Во најлош случај, со намалување на приходите од 20 проценти, бројот на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија ќе се зголеми за 434 милиони на 992 милиони на глобално ниво. Во истото сценарио, луѓето кои живеат со помалку од 5,50 долари на ден, ќе се зголемат за 548 милиони долари на скоро четири милијарди.

Извор: Mia

Клучни зборови

  • Глобална сиромаштија
  • Оксфам
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk