Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Околу 70 отсто од граѓаните ги одложиле кредитите

23 апр. 2020 г.·2 мин читање·79 прегледи

Следете не на Viber

Oколу 70 отсто од граѓаните донеле одлука да го одложат плаќањето на нивните кредити, според информации од банките кои доставиле податоци до Народната банка.

Банките поради економската криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот на нивните клиенти им понудија можност да го одложат плаќањето на кредитите во рок од 6 месеци. Банките за време на грејс периодот нема да ја отпишуваат каматата на кредитите туку ќе им ја наплатат на граѓаните, откако тие ќе започнат со редовно подмирување на нивните долгови.

Овие одложувања, за банките значат времено откажување од приливите што требало да ги наплатат во овој период, со што индиректно се поддржува економијата – велат од Народна банка за РСЕ.

И покрај тоа што Владата не донесе рестриктивни мерки за намалување на платите во јавната и државната администрација и покрај тоа што вработените имаат слободни денови и имаат финансиска кондиција да ги подмират долговите, тоа не го прават, вели професорот Алаудин Зекири од Тетовскиот Универзитет.

Сега за волја на вистината значи тука се користи мерката чисто за да се избоксува, односно да се пролонгираат тие шест месеца и да се надминат, па повторно извршните решенија ќе бидат во полза на употреба. Знам дека бројката говори за еден зачудувачки феномен дека многу од службениците од државната и јавна администрација имаат кредитни и извршни ситуации и тие значи ги подмируваат, што за жал говори за една лоша финансиска слика на вработените – вели Зекири.

Клучни зборови

  • кредити
  • Одложено плаќање
  • одложување на плаќањето на обврските
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk