Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски Фондови

Околу 64 000 пензионери денеска може да си ги подигнат јулските пензии од банките

27 јул. 2021 г.·2 мин читање·1505 прегледи

Следете не на Viber

Околу 64 000 пензионери земаат пензија во висина до 11.000 денари, согласно податоците на ПИОМ. Овие пензионери денеска први ќе може да ги подигнат пензиите на шалтерите во банките. Според правилата на Министерството за труд и социјална политика првата група на исплата на пензии до 11.000 денари започнува од денеска, а наредните денови уште во три групи пензиите ќе ги подигнат и останатите пензионери. Секако овој распоред се однесува на пензионерите кои пензиите ги земаат од шалтер, од банкомат може сите пензионери од денеска да си ги земат пензиите.

Во земјава има вкупно 325 081 пензионер. Предвремената и етапна исплата на пензиите се одвива согласно корона протоколите.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2021 година (вторник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2021 година (среда);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2021 година (четврток);

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.07.2021 година (петок).

Прочитај анализа за пензии: [ Пензии од 57.304 денари за само 30 пензионери, додека 22.696 лица земаат под 9.868 денари ]

Редакција Пари

Клучни зборови

  • 64 000 пензионери
  • јулски пензии
  • пензии пензионери
  • прва група
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk