Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ОКОЛУ 22 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ „НА МАСА“: Лукоил чека одобрување од американските власти за трансакцијата

29 јан. 2026 г.·3 мин читање·3738 прегледи

Следете не на Viber

Под силен притисок од американските санкции и со рок што забрзано истекува, руската нафтена компанија Лукоил се подготвува за најголемото повлекување од меѓународната сцена во својата историја. Компанијата соопшти дека постигнала договор за продажба на поголемиот дел од своите странски средства, проценети на околу 22 милијарди долари, на американската приватна инвестициска фирма Карлајл груп, трансакција која сè уште чека одобрување од американските власти.

Договорот опфаќа продажба на единицата „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, која управува со странските операции на компанијата од нафтени полиња во Блискиот Исток, преку рафинерии во Европа, до активности во Африка, Централна Азија и Мексико. Меѓу најзначајните средства се контролниот удел во големото ирачко нафтено поле Западна Курна 2, како и рафинериите во Бугарија и Романија.

Од „Лукоил“ наведуваат дека договорот не е ексклузивен и дека неговата реализација зависи од исполнување на низа услови, меѓу кои и дозвола од OFAC, канцеларијата на американското Министерство за финансии задолжена за санкции. Истовремено, и од „Карлајл“ потврдија дека трансакцијата е условена од длабинска анализа и регулаторни одобренија.

Продажбата доаѓа во момент кога Вашингтон му даде рок на „Лукоил“ до 28 февруари да се ослободи од глобалното портфолио, како дел од пошироките санкции воведени поради војната во Украина. Заедно со Роснефт, „Лукоил“ беше санкциониран минатиот октомври, во рамки на напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да изврши притисок врз Москва за постигнување договор за прекин на конфликтот.

Според извори запознаени со процесот, интерес за странските средства на „Лукоил“ покажале најмалку десетина потенцијални купувачи. Меѓу нив се и енергетските гиганти Exxon Mobil и Chevron, како и инвестициски групи од Блискиот Исток. Сепак, „Карлајл“, кој управува со средства во вредност од околу 474 милијарди долари, се појави како најсериозен кандидат.

Важно е да се напомене дека договорот не ги опфаќа средствата на „Лукоил“ во Казахстан. Тамошните власти веќе поднеле формална понуда до американските институции за преземање на уделите на руската компанија во клучни енергетски проекти, меѓу кои и Каспискиот конзорциум за нафтоводи и нафтеното поле Тенгиз.

Американското Министерство за финансии досега блокираше два обида за продажба на странските средства на „Лукоил“, договор со швајцарската трговска група „Гунвор“ и предложена размена на акции преку инвестициска структура поврзана со поранешната американска филијала на ВТБ. Останува неизвесно дали и овој обид ќе добие зелено светло.

Доколку трансакцијата со „Карлајл“ биде одобрена, тоа би означило крај на децениската странска експанзија на „Лукоил“ и значајно прекројување на присуството на Русија на глобалните енергетски пазари.

(Фото: Vanjakom – Own work, CC BY-SA 4.0)

Клучни зборови

  • лукоил
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk