Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисТехнологија

Охридски „Костал“ ќе произведува полначи за автомобили на Фолксваген

19 апр. 2022 г.·2 мин читање·663 прегледи

Следете не на Viber

Фолксваген од 2024 година во охридската фирма „Костал“ ќе се произведува полначи за електрични и хибридни возила. Ова е резултатот од средбата на челните луѓе на таа компанија, на која присуствуваше вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, главниот оперативен директор и член на УО, Хансјорг Херман и генералниот директор на „Костал“ Македонија, Виктор Мизо, во присуство на заменик-амбасадорот на Германија, Ото Граф. Инвестицијата, како што беше речено на средбата, е одговор на кризата која настана во производството на делови за возила на Далечниот исток, но и поради нападот на Украина.

Компанијата очекува и 25 милиони евра државна помош за инвестиции бидејќи ќе се отворат 200 нови работни места во компанијата во која се вработени 950 квалификувани работници чија просечна плата ќе биде 850 евра. Инвестицијата,соопштија надлежните, има и потенцијал да се прошири за уште 40 милиони евра и да вработи уште 350 работници.

Фабриката Костал е дел од Групацијата Костал, еден од водечките светски добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Работи во 21 земја и има повеќе од 20.000 вработени кои ги снабдуваат сите големи производители на автомобили на 5 континенти. Охридската фабрика е технолошки најнапредната фабрика во Македонија, и вработува повеќе од 700 луѓе, а моментално ги снабдува БМВ, Даимлер, Фолксваген, Ауди, Порше и Тесла.

Клучни зборови

  • електрични автомобили
  • Костал
  • Фолксваген
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk