Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Охридска банка почна да ја издава домашната платежна картичка

3 јул. 2020 г.·2 мин читање·243 прегледи

Следете не на Viber

Клиентите ќе можат да ја подигнат домашната платежна картичка преку својата матична експозитура.

Од која експозитура треба да си ја подигнам домашната платежна картичка?

За секој клиент е дефинирана матична експозитура за што клиентите ќе бидат известени преку СМС порака. Клиентите кои нема да добијат СМС-порака со информација во која експозитура треба да ја подигнат картичката, потребно е да се јават на (02) 15 050 во Контакт центарот на Банката.

НАПОМЕНА: Охридска банка АД Скопје апелира до сите корисници на домашната платежна картичка, при подигање на картичката од експозитурите, да внимаваат максимално на мерките за заптита од корона вирусот. Пред сè, се замолуваат клиентите да одржуваат растојание од 2 метри при чекање на ред, При влез во експозитурата задолжително е да се носи респираторна маска.

До кога можам да ги користам парите од домашната платежна картичка?

Важна информација за сите корисници на домашната платежна картичка е дека средствата на картичката доделени преку Министерството за финансии како дел од пакетот економски мерки на Владата на Република Северна Македонија можат да се искористат најдоцна до 15 август 2020 година. По истекот на тој датум средствата повеќе нема да бидат на располагање за користење од страна на клиентите.

Како да ја користам картичката издадена од Охридска банка и по искористување на средствата?

Доколку клиентите сакаат да продолжат да ја користат трансакциската сметка и платежната картичка издадени од Охридска банка, потребно е да потпишат анекс на договор.

Повеќе информации за Домашната платежна картичка може да прочитате овде или на веб страницата на Владата www.kupuvamdomasno.gov.mk  

Клучни зборови

  • домашна платежна картичка
  • ковид19
  • мерки
  • Охридска банка АД Скопје
  • пандемија
  • платежна картичка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk