Охрид најчесто се поврзува со туризмот, угостителството и сезонската економија, но финансиските податоци покажуваат многу поширока и посилна бизнис-структура. Зад туристичката слика на градот стои развиена индустриска база во која доминираат автомобилската индустрија, металопреработувањето, трговијата, производството, енергетиката и рециклажниот сектор.
Анализата на „Пари“, во соработка со „Бизнис мрежа“, покажува дека водечките компании во Охрид во 2025 година оствариле вкупен приход од 447,3 милиони евра, што е раст од 41,7 насто во споредба со 2024 година, кога приходите изнесувале 315,7 милиони евра. Уште посилен е растот кај добивката. Десетте најпрофитабилни компании заработиле 29,35 милиони евра, што е речиси двојно повеќе од претходната година, односно…