Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Вработување

Како да напишете идеален оглас за работа кој ќе ги привлече најдобрите кандидати?

2 јун. 2020 г.·4 мин читање·152 прегледи

Следете не на Viber

Пишувањето на квалитетен оглас за работа е првиот чекор во потрагата по најдобри кандидати. Во овој блог пост, објаснуваме како да напишете одличен оглас за работа за да го привлечете вниманието на најдобрите кандидати и да ги охрабрите да аплицираат за работа во вашата компанија.

Како да креирате одличен оглас за работа?

Она во што повеќето работодавци грешат е тоа што огласите за работа ги перцепираат како список на она што им е потребно и го бараат, па како такви и ги објавуваат.

Правило број 1 е – огласот за работа не е насочена кон работодавачот, туку кон кандидатот, не го занемарувајте тоа. Вашата цел е да го привлечете вниманието на идеалните потенцијални кандидати и да ги охрабрите да аплицираат.

Затоа, огласот не смее да го содржи само она што вие како работодавач го барате од кандидатот (знаења, вештини и квалификации и претходно искуство). Неопходно е да се потенцира и она што вие им го нудите на кандидатите како работодавач.

4 чекори до одличен оглас за работа

Пишувањето на оглас за работа за многу работодавачи е макотрпен, збунувачки и долготраен процес.

Чекор #1: Започнете од описот на работната позиција

Кога пишувате оглас за работа, започнете од описот на работната позиција што треба да ја пополните.

Описот, кој вработените во HR секторот често го нарекуваат систематизација на работното место, е документ што содржи:

  • Опис на работното место
  • список на задачи и начини на извршување на истите
  • потребни квалификации.

Квалитетен опис на работната позиција е основа за пишување на добар оглас за работа.

Чекор #2: Дефинирајте го вашиот идеален кандидат

Следниот чекор во пишувањето на огласот за работа е да се замисли кандидат кој би бил идеален за описот на работата и вашата организациска култура.

Најлесен начин да создадете профил на идеален кандидат за работа е да одговорите на следниве 4 прашања:

  • Која е таа личност?
  • Кој сет на вештини треба да ги поседува?
  • Каде / како да се поврземе со неа?
  • Зошто тој/таа би сакал/а да работи за мене?

Чекор #3: Скицирајте го огласот за работа

Одличниот оглас за работа мора да обезбеди кратки и јасни одговори на следниве 5 прашања:

  • За каква работа станува збор?
  • Кој е идеалниот кандидат?
  • Зошто да работам токму во оваа компанија?
  • Како можам да аплицирам за оваа работа?
  • Каде треба да работам?

Одличниот оглас за работа ја следи следнава форма:

  1. Назив на работната позиција
    Мора да биде јасен, прецизен и вообичаен, така што квалификуваните кандидати ќе можат веднаш да се препознаат.

    2. Место на работа
    Наведете ја локацијата, т.е. местото на работа (град и адреса)

    3. Список на главните задачи
    Наведете ги само клучните должности и одговорности од описот на вашата работна позиција.

    4. Потребни знаења, вештини и квалификации
    Наведете го потребниот вид и ниво на образование и најважните знаења, способности, вештини и карактеристики што кандидатот мора да ги поседува за да може успешно да ја извршува работата.

  2. Опис на вашата компанија и понуда
    Накратко презентирајте ја вашата компанија и нејзината деловна активност и фокусирајте се на она што им го нудите на кандидатите.
  3. Упатство за аплицирање
    Задолжително наведете го датумот до кој е активен огласот за работа и прецизно објаснете како се доставуваат апликациите и кои информации треба да ги испратат кандидатите.

Чекор # 4: Прилагодете го вашиот оглас за работа

Последен и клучен чекор во пишувањето на огласот за работа е да го прилагодите на вашиот идеален кандидат. Како да го направите тоа? Обидете се да се ставите во улога на вашите идеални кандидати и да го прилагодите огласот за работа според нивните интереси, желби и начин на комуникација. Размислете која содржина и каков тон на комуникација ќе бидат најефикасни за да го привлечете вниманието на вашите идеални кандидати и да ги охрабрите да аплицираат.

За крај, најбитен е каналот на комуникација преку кој ќе стигнете до вашите потенцијални кандидати за работа. Совршено напишаниот оглас сепак не е совршен доколку не стигне до вистинските кандидати. Доколку кандидатите ги контактирате директно преку ваш извор, база на кандидати, препораки или социјални мрежи, внимавајте на тонот со кој ќе им се обратите. Бидете директни, транспарентни, пријателски расположени и не се штедете со давање на информации.

Клучни зборови

  • cv
  • вработување
  • позиција
  • работник
  • работно место
  • работодавец
  • резиме
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk