Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаБизнис

Официјална потврда од „Македонијатурист“: 9,84 отсто од акциите поседува „Скопски пазар“

19 ное. 2024 г.·2 мин читање·1825 прегледи

Следете не на Viber

Информацијата дека „Скопски пазар“ стана еден од мнозинските акционери на „Македонијатурист“ не е нова, но од вчера и официјално е споделена од хотелско-угостителската компанија.

„Согласно член 38 став 1 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, известуваме дека акционерот Скопски пазар акционерско друштво за услуги во прометот и трговијата увоз-извоз Скопје поседува 44.500 односно 9,84% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД“, пишува во објавата пласирана на Македонска берза.

Всушност, компанијата објави две имнформации. И содржината на втората е позната, дека тетовски „Изо стоне“ повеќе нема ништо со „Македонијатурист“:

„Известуваме дека акционерот Друштво за производство и услуги Изо Стоне дооел Тетово, продаде 29.942 односно 6,62% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД и сега не поседува акции во Друштвото“.

Веќе пишувавме за крупните промени што настанаа во сопственичката структура на „Македонијатурист“. Доне Таневски и натаму е најголем акционер со 23,4 проценти од акциите. По него следува „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми, кој не крие дека има намера и натаму да купува акции.

Меѓу акционерите со над пет проценти се Сава пензиско друштво со 8,8%, Симеон Павлов со 8,19%, „М.Г.Фешн“ со 7,69% од вкупно издадените акции на „Македонијатурст“.

За потсетување, цената на акцијата во овој период одеше и до 9.500 денари, а највисока беше – 11.070 денари, во блок-трансакцијата преку која сиот свој пакет го продаде соработничката на Таневски, Соња Бибановска. На првиот работен ден од неделава, пак, во однос на петокот, вредноста е намалена за 6,23 отсто. Просечната цена запишана во официјалната дневна листа е 7.501,25 денари. Истргувани се 60 акции, а прометот е 450.080 денари.

Клучни зборови

  • големи акционери
  • Македонија Турист
  • Македонска берза
  • Скопски Пазар
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk