Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ОЕЦД очекува глобален пораст од 5,8 проценти оваа година

6 јун. 2021 г.·2 мин читање·2191 прегледи

Следете не на Viber

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ја зголеми прогнозата за раст на глобално ниво на 5,8 проценти за оваа година и на 4,4 проценти за 2022 година.

Претходниот извештај во март, ОЕЦД предвидуваше раст на глобалниот (БДП) од 5,6 проценти во 2021 година и 4,0 проценти во следниот.

Активноста на светската економија се врати на нивото како што беше пред пандемијата, но сè уште не ја достигна стапката на раст што се предвидуваше пред светската здравствена криза, според организацијата со седиште во Париз изнесено во своето ново издание.

„Светската економија оди кон закрепнување, но со многу препреки на тој пат. „Сè уште постои ризик дека нема да биде постигнат поголем раст по пандемија или дека нема да биде широко распространет“, изјави главниот економист на ОЕЦД Лоренс Боун во воведното соопштение на извештајот.

Кампањата за вакцинација им овозможи на напредните економии постепено повторно да ги отвораат своите деловни активности, додека од друга страна, бавното спроведување на вакцинацијата и новата епидемија на Ковид-19 го попречуваат закрепнувањето на многу економии во развој.

ОЕЦД сега предвидува раст на БДП на САД во тековната година од 6,9 проценти во споредба со претходната проценка од 6,5 проценти, истакнувајќи дека експанзијата ќе биде поттикната од пакет мерки за стимулација во вредност од неколку илјади милијарди долари. Сепак, стапката на раст на САД за следната година е малку намалена од првичните 4,0 на 3,6 проценти.

Во исто време, новиот извештај на ОЕЦД силно ја зголеми проекцијата за раст на Кина и за 2021 година и за следната година. Според новата прогноза, кинеската економија годинава ќе порасне за 8,5 проценти (во март беше предвидено 7,8 проценти), а во 2022 година ќе забележи раст од 5,8 проценти (проценка од  март од 4,9 проценти).

ОЕЦД препорачува централните банки во напредните земји да одржуваат релаксирани финансиски услови и да го толерираат надминувањето на целaта инфлацијата.

Владите треба да продолжат да ги поддржуваат домаќинствата и компаниите сè додека не се постигне доволно распостранета на глобалното вакцинацинирање за да се заштитат најотворените сектори, заклучува ОЕЦД.

Клучни зборови

  • бруто домашен производ
  • оецд
  • светската економија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk