Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ОЕЦД: Еве колкав е придонесот на Кина во растот на светската економија

4 дек. 2020 г.·2 мин читање·116 прегледи

Следете не на Viber

Светската економија ќе падне за 4,2 проценти во 2020 година, што е подобра прогноза од двете претходни предвидувања дадени во јуни и септември годинава, според најновите проекции на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) објавени од Кинеската медиумска група (ЦМГ).

Меѓу најголемите светски економии, Кина ќе остане единствената што постигна позитивен економски раст. ОЕЦД предвидува дека светската економија ќе порасне за 4,2 проценти во 2021 година, а кинеската економија ќе порасне за осум проценти.

Во извештајот на ОЕЦД се истакнува дека економскиот раст на Кина во 2021 година ќе придонесе за раст на светската економија за повеќе од една третина.

Директорот на канцеларијата на ОЕЦД за кинеска економска политика, Маргит Молна, рече дека брзата контрола врз ширењето на епидемијата и овозможи на Кина да даде поголем придонес во светската економија.

Бројни економски податоци неодамна беа објавени во Кина овој ноември, индексот на Project Management Institute на Кина (PMI) беше 52,1 процент, што беше над границата девет последователни месеци. Ова укажува дека растот и закрепнувањето на преработувачката индустрија во земјата е забрзан.

Високо оценувајќи ја состојбата и потенцијалите на кинеската економија, Маргит Молна, исто така, посочи дека нема да има повторно раст на извозот на кинеската услужна индустрија, особено оној делот поврзан со туризам и меѓународен транспорт, сето тоа се должи на влијанието на пандемијата.

Таа укажа на потребата од кинеската влада да ја зголеми поддршката за здружените компании. Покрај тоа, потребно е да се зголеми потрошувачката со зголемување на вработеноста и стапката на приходот.

Клучни зборови

  • Кина
  • оецд
  • светска економија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk