Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mkНедвижностиФинансии

Одземен имот: Mоментно се на продажба 91 стан, 165 деловни простории, 47 гаражи, 75 помошни простории, како и 134 парцели

1 сеп. 2020 г.·3 мин читање·850 прегледи

Следете не на Viber

Податоците од Регистарот на цени и закупнини покажуваат и дека во вториот квартал годинава се за 562 трансакции во однос на истиот квартал од минатата година. Најголемиот број продажби припаѓаат на становите, односно 42 проценти. Споредено со првиот квартал, во второто тримесечие годинава има зголемување на продажба на становите за девет проценти. За исто толку проценти пак се намалил бројот на трансакции со земјоделско земјиште, односно од 36 проценти во првиот квартал на 27 проценти во вториот. Градежното земјиште во овој квартал учествува на пазарот на недвижности со 14 проценти, куќите со девет проценти, деловните простори со четири проценти, останатите недвижности со 3 проценти и индустријата со еден процент од пазарот на недвижности.

Најголема активност на пазарот е забележана во јуни, кога имало 1.381 продажба, а најмала активност во мај, односно 873 продажби. Во април се регистрирани 943 продажби на недвижности.

Анализата од Регистарот покажува и дека најголем број продадени станови има во општина Аеродром, односно во овој период се продадени 343 станови, додека пак најголем број продадени куќи, 31, има на територијата на општина Битола.

Во Општина Центар, пак, се забележани најмногу продажби на деловен простор, 18, а најмногу недвижности од типот на земјоделското земјиште се продадени во општините Куманово, Битола и Чешиново и Облешево со по 30 продажби, додека најмногу продадено градежно земјиште е регистрирано во општина Сарај со 76 продажби. Во овој квартал се регистрирани и продажби на 13 индустриски објекти и тоа во поголем број општини.

Во Регистарот на цени и закупнини во вториот квартал се запишани и 876 закупи, за 1.347 помалку трансакции во однос на првиот квартал кога биле регистрирани вкупно 2.223. Во јануари имало 642, во февруари 811, во март 770, додека во април се регистрирани 196, во мај 262, а во јуни 418.

Од закупите во вториот квартал најголем процент, 41, отпаѓа на деловни простори, по што следат становите со 28 проценти, земјоделското земјиште со 13 проценти, куќите со 12 проценти, а градежното земјиште и индустријата со три проценти.

На Регистарот на преземени недвижности, пак, преку кој се нуди на продажба одземен имот, моментно се на продажба 91 стан, 165 деловни простории, 47 гаражи, 75 помошни простории, како и 134 парцели (градежно неизградено земјиште, дворни места, земјишта под згради, неизградено земјиште, шуми, лозје, ливади, пасишта, овоштарници). Тоа се имоти на граѓани што им бил одземен од банки поради ненавремено плаќање долгови или пак бил одземен со пресуда во судски случаи што ги водела државата.

Клучни зборови

  • гаражи
  • деловен простор
  • недвижности
  • Општина Аеродром
  • Општина Центар
  • помошни простории
  • продажби
  • стан
  • станови
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk