Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Одржана втората јавна расправа за Предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

6 апр. 2023 г.·3 мин читање·1748 прегледи

Следете не на Viber

Денеска се одржа втората јавна расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Во процесот, покрај МИОА, учествуваат и  Агенцијата за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги, Министерство за правда, Министерство за труд и социјална политика и други засегнати институции и чинители, со помош од Европската Унија, преку ИПА проект односно инструментот за поддршка на европските интеграции (ЕУИФ).

,,Приоритет на Владата е што побрза интеграција на земјата во  ЕУ и во таа смисла и со овие активности покажуваме во пракса, дека нашата посветеност не е само декларативна, туку цврсто остануваме на таа заложба. Нашата цел е создавање медиумски простор за непристрасно и објективно информирање на граѓаните. Слободата на медиумите и плурализмот се дел од правата и принципите содржани во Европската повелба за основните права и во Европската конвенција за човекови права. Европската Комисија ја засили својата работа во оваа област, ставајќи ја слободата на медиумите во срцето на нејзиното известување, во однос на владеењето на правото. Посебно внимание се посветува и на борбата против лажните вести која е од клучно значење во овој момент, земајќи ги предвид глобалните предизвици“, рече министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Во таа насока, министерот ја посочи и приоритетната цел на работната група, да се изработи предлог на Закон усогласен со барањата дефинирани во Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги од 2018 година. Станува збор за динамичен, транспарентен и инклузивен процес, за усогласување на националното медиумско законодавство со правото на ЕУ и медиумските стандарди.

Со измените меѓу другото се предвидува создавање на правна рамка која ги опфаќа сите услуги што нудат аудиовизуелни содржини, без разлика која технологија се користи за пренесување на содржините.

Дополнително, потребата за усогласување на националното законодавство со Директивата за АВМУ е поврзана и со учеството на Северна Македонија во програмата „Креативна Европа“ на Европската комисија.

,,Целите коишто се поставени од страна на Европската Комисија се и наши приоритети: Нашата држава до 31-ви Мај треба да се усогласи со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги и ние силно и посветено работиме за да ја исполниме таа цел”, истакна министерот Алиу, додавајќи дека предлог законското решение третира важни прашања и отсликува клучни реформски чекори кои ќе дадат значајни резултати за медиумскиот сектор и за граѓаните.

Клучни зборови

  • Европската комисија
  • ЕУ
  • Креативна Европа
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk