Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ПЕЧАЛБАРИТЕ: Синдикатите ССМ и DGB oбезбeдија правна помош за македонските работници во Германија

23 авг. 2021 г.·2 мин читање·1770 прегледи

Следете не на Viber

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во соработка со Германскиот сојуз на синдикати преку проектот „Faire-Mobilitaet”, за работниците кои се заминати на работа или планираат да заминат на работа во Германија, овозможува да добијат бесплатна правна помош и совети за нивните работнички права кои треба да ги имаат при работа во таа земја.

-Согласно информациите кои стигнуваат до ССМ од сѐ поголемиот број на работници кои заминуваат на работа во Германија, како и информациите кои што ги добиваме од колегите од Германскиот сојуз на синдикати – DGB, работниците имаат потреба од синдикална заштита, како и право на бесплатна правна помош, а ССМ како единствен синдикат кој води грижа за македонските работници, како во државата, така и во странство, го овозможува тоа, стои во соопштението од ССМ.

Информираат дека денеска на оваа тема се одржал и состанок на кој учествувале Барбел Маух од проектната канцеларија на „Faire-Mobilitaet” при „DGB”, Слободан Трендафилов, Шеф на кабинетот на Претседателот на ССМ, Иван Пешевски, претседател на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија и Ирена Ивановска, советник за меѓународни односи во ССМ.

На состанокот било договорено во најскоро време информациите за македонските работници да бидат достапни на веб страните и на македонски јазик со цел навремено и детално информирање за работничките права во Германија.

-Активностите на ССМ продолжуваат со несмалено темпо, соработуваме со нашите колеги од европските држави, со цел нашите работници да ги уживаат истите работнички права како и работниците во ЕУ, велат од ССМ.

Клучни зборови

  • DGB
  • Германија
  • македонија
  • македонски работници
  • правна помош
  • синдикати
  • ССМ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk