Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Од увозно-извозните активности државата со кусок од 2,9 милијарди евра

8 јан. 2025 г.·3 мин читање·2846 прегледи

Следете не на Viber

Намален е увозот, но повеќе извозот во ланскиот период од јануари до ноември. Вкупната вредност на извезените стоки изнесува 444.089,1 милион денари или 7,2 милијарди евра, при што на годишно ниво е забележан пад од 5,9 проценти. Увоз е скратен за 0,7 отсто, а износот е 623.155,5 милиони денари, односно 10,1 милијарда евра.

Разликата, која го претставува трговскиот дефицит, е 179.066,4милиони денари. Во евра – 2,9 милијарди.

Покриеноста на увозот со извоз е 71,3 проценти.

Македонија која некогаш важеше за производител на храна, за увоз во 11-те месеци потрошила речиси една милијарда евра. Поточно, 968,5 милиони евра, наспроти кои е приливот од извоз на храна и живи животни од 504 милиони евра. Кај експортот, во споредба со истиот период од 2023, има намалување од педесеттина милиони евра. А, пак, вредноста на увозот е зголемена за повеќе од 81 милион евра.

Гледано по сектори, најмногу се увезуваат производи класирани според материјалот – за 3,03 милијарди евра. Најголемата придобивка од извозната активност, од 2,1 милијарда евра, доаѓа од експортот на машини и транспортни уреди. Односно, според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. А, во увозот најзастапени се нафтените и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во тој период, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и со Србија.

ДЗС ги дава податоците од размената во евра и во американски долари.

„Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 7 216.6 милиони евра и бележи пад од 5.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 10 126.5 милиони евра, што е за 0.6 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 2 909.9 милиони евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 7 832.8 милиони САД долари и бележи пад од 5.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 10 988.1 милиони САД, долари што е за 0.2 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 3 155.3 милиони САД долари“, наведуваат од Дтртжавниот завод за статистика.

 

 

 

Клучни зборови

  • Државен завод за статистика
  • извоз на стоки
  • стокова размена
  • трговски дефицит
  • увоз
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk