Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Oд утре почнува исплатата од скенираните фискални сметки за првото тромесечје 2020

6 мај 2020 г.·2 мин читање·190 прегледи

Следете не на Viber

Само 3 проценти од граѓаните кои скенираат, одлучиле да ги донираат парите од поврат на ДДВ, при што државата ќе добие над 150 илјади евра по овој основ. Според податоците на УЈП, над 8.000 лица одличиле да се откажат и да ги донираат средствата , а над 10 отсто или 31 илјада се изјасниле дека ќе ги задржат парите.

Опцијата за донирање беше направена како помош на државата за справување со кризата. Тогаш како што соопшти Управата за јавни приходи, за остварениот износ за поврат на ДДВ за првите три месеци од оваа година, во апликацијата „МОЈ ДДВ“, преку опцијата „скенирам и донирам“, физичките лица ќе имаат можност да изберат опција за донирање на целиот износ на данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање.

Во апликацијата на располаѓање ќе бидат две опции, „ДА, го донирам мојот поврат на ДДВ‘’ и „НЕ, благодарам“, а граѓаните ќе може да се изјаснат најдоцна до петти мај 2020 година.

Физичките лица кои ќе одговорат потврдно, даваат согласност за донирање на целиот износ, додека оние кои ќе одговорат негативно ќе имаат можност да го сменат своето мислење до петти мај.

Рокот за донирање на средствата од повратотот на скенираните сметки заврши вчера. Опцијата „Скенирај и донирај“ беше воведена на 25 Април. Надлежните тогаш посочија дека собраните средства ќе бидат искористени за справување со кризата.

Клучни зборови

  • МојаНаграда
  • МојДДВ
  • МојДДВ наградна игра
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk